00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Др. ЛЕО - Мултивитамински сируп за деца


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:"Мултивитаминскиот сируп за деца" ги содржи сите неопходни витамини и микроелементи ви добро избалансиран состав и во доза адекватна на барањата во согласност со препораките од Европските стручњаци за исхрана. Според тоа" Мултивитаминскиот сируп за деца" е соодветен да ги компезира микронутрициските недостатоци брзо и на вистинско место , а со тоа да помогне при здравиот умствен и физички развој на децата и адолесцентите. Витамините К и Д3, како и микроелементите манган,молибден и цинк помагаат во метаболизмот на клетките за формирање на коските и го потпомагаат вградувањето на нутрицискиот калциум во коскената матрица. Со тоа "Мултивитаминскиот сируп за деца" помага во здравиот развој на коските и забите. Севкупниот витамин Б комплекс помага во метаболизмот ма мозокот и регенерација на нервниот систем..Тоа значи дека "Мултивитаминскиот сируп за деца "помага во памтењето, концетрацијата и способноста за учење на децата и адолесцентите. Витамините Ц и Е кои ги штитат клетките , како и микроелементите манган,цинк ,селен и јод, го помагаат развојот на комплексниот и здрав имунолошки систем, исто така го подобруваат и физичкиот развој на детето. Железото пак учествува во создавањето на црвените крвни зрнца и подобрување на крвната слика.
  • Продавач:Геопром
  • профил на компанијата

    Геопром

    • Опис на компанијата:Геопром е приватна компанија за увоз-извоз основана во Август 1992 година во Скопје, Македонија. Главна дејност е промет на големо кон сите веледрогериски куќи и супермаркети. Со капацитет од 2500м2 и дистрибуторска мрежа ги задоволува нормите за квалитетна работа како и за складирање на производите. Поради тоа нашата веледрогерија е добро позната на македонскиот фармацевтски пазар. Со континуирана работа и развој Геопром воспостави успешна деловна соработка со повеќе странски компании, како германските Kruger, Bubchen. Палетата на нашите производи се состои од многубројни производи од групата на додатоци на прехрана: ефервесцентни мултивитамински таблети, препарати за зајакнување на имунитетот, најразлични препарати за слабеење, додатоци за прехрана кај дијабетичари, најразлични чаеви, додатоци за прехрана кај спортисти, додатоци за прехрана кај деца, мултивитамински сирупи за деца, козметички препарати за бебиња и деца, различни видови на кафе-капучино, обелувач за кафе. Во текот на своето постоење Геопром создаде и разви систем комплетно ориентиран кон своите клиенти. За подобрување на системот за работа како и осигурување на безбедност на своите производи Геопром воведе ISO 9001:2000 HACCP интегрирани системи. Уште од своето основање компанијата работи успешно со понатамошно проширување на полето на работа. За оваа цел како и со цел на задоволување на потребите на клиентите Геопром ја прошири својата дејност и започна сопствено производство на помошни лековити средства како и додатоци во прехраната. Производите на Геопром се одликуваат со висока доза и оригинални рецепти. Преку внимателно одбрани суровини производите се од комплетно природно потекло. Производната програма на Геопром опфаќа производи во најразлични сегменти од областа на здравството: Медицински производи за снижување на шеќерот во крвта,за нервниот и кардиоваскуларниот систем, за коса, кожа, нокти, за подобрување на имуниот систем, подобрување на исхраната кај хиперхолестеремија итн.
    • Име на контакт лице:Бранислав
    • Адреса:Сава Ковачевиќ 17-2/2
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:022774101
    • Факс #:022700292
    • Локација на мапа:Прикажи



    022774101

    корисничка поддршка