ПРОАКНЕ
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот: ПРОАКНЕ КРЕМ Проакне Крем е козметички препарат наменет за нега на лице и тело Активни супстанци: Прополис, салицилна киселина во поливалентна база Дејство: Проакне кремот содржи прополисен екстракт изготвен со единствена формула на D-r Bacheff– спец. Дерматолог . Основните биоактивни супстанци во прополисот се флавоноиди и флавони со кои пчелите се штитат од микроорганизми. Се употребува за нега на проблематична кожа на лицето и телото. Ја негува и штити кожата од надворешни влијанија и микроорганизми, го намалува воспалителниот процес кај пубертетски мозолчиња, чиреви и иритации од бричење и депилација. Салицилната киселина ефикасно ги отвора комедоните на кожата и овозможува пристап на активните супстанци на прополисниот екстракт до оштетената кожа со што дополнително ја зголемува ефикасноста на прополисот. После употреба кожата останува здрава и мазна. Начин на употреба: Се употребува пред или после депилација или бричење два пати на ден, а според потребата и почесто. Проакне кремот се нанесува во тенот слој на предходно исчистена површина со Лосион Проакне. За подобар резултат во негата на лицето и телото, препорачуваме да се избегнува исхрана богата со бели шеќери. Начин на чување: Препаратот се чува на собна температура. Чувајте го препаратот надвор од дофат на деца. Контраиндикации: Препаратот не смеат да го употребуваат лица со преосетливост кон некоја од состојките. Во случај на преосетливот кон препаратот или некоја негова состојка, престанете со употреба и консултирајте се со дерматолог. Напомена: . На ткаенини остава трагови кои тешко се отстрануваат. Рок на употеба: Рокот на употреба е втиснат на надворешната амбалажа Пакување: Картонска кутија,пластична туба 20ml
Достапност:Има залиха
Продавач:Апимел
Земја на потекло:Македонија
профил на компанијата
Апимел
- Опис на компанијата:Производство на природни препарати со прополис и етерични масла.
- Име на контакт лице:NAUM TRPCHESKI
- Адреса:Аргир Маринчев 3
- Поштенски број:6000
- Град:Охрид , Македонија
- Мобилен #:070 247 694
- Телефон #:046 256 594
- Факс #:046 256 594
- Година на регистрација:1991
- Број на вработени:8
- Локација на мапа:Прикажи