Опис на компанијата:Знаењето нека биде Ваша конкурентска предност! На денешниот динамичен и компетитивен пазар, успешни компании ја препознаваат вредноста на своите вработени и се стремат максимално да го зголемат сопствениот потенцијал со цел да се здобијат со конкурентна предност. Вашата компанија не ја сочинуваат канцелариската и компјутерската опрема, туку Вашите вработени. За да работат ефикасно и продуктивно, мораат да ги поседуваат потребните алатки и вештини. Triple S Learning, како водечки специјализиран тренинг центар во Македонија, Ви обезбедува флексибилен пакет од вештини и способности кои вработениот ги интегрира во својот сопствен стил на работење и на тој начин доаѓа до заокружено знаење со кое што ќе дојде до подобрување на работната перформанса и зголемување на задоволство, како кај самиот вработен, така и кај компанијата како интегрирана целина. Примената на изучените техники, способности и вештини кои се содржани во тренинг програмите на Triple S Learning доведуваат првенствено до личен успех на секој вработен, а истовремено и до успех на компанијата. Содржината на тренинг програмите се интегрира во системот на знаење на вработените и обезбедува психолошка платформа за примена на изучените техники, способности и вештини на работното место, ставајќи го секој вработен во фокусот како најважна личност на светот. Ви овозможуваме деловна едукација преку отворени тренинзи кои нудат практични решенија за Ваш успех и In-house корпоративни решенија прилагодени на специфичните деловни проблеми. Ваквиот пристап постојано се докажува како извонредно ефективен во праксата и претставува основа за нашата ориентираност кон вредноста на услугите што ги испорачуваме.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата кои ги користи MarketKonekt не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.