00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Камионски Церади


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Подвижна церада-прекривка е наменета за покривање на отоворени приколки, за камиони со приколки и влечени приколки. Церадата служи за заштита од растурање на материјалот кој се транспортира. Прекривката се поставува на специјални носачи-водилки кои се движат по страниците од приколката. Движењето го овозможува механизам за пренос, попречни држачи, водилки и сајли кои се поставени од двете страни на страниците на приколката. Висината на прекривката во центарот на ширината од приколката може да биде од 15 до 50(cm). Попречните носачи-челични профили се поставуваат на растојание од 80 до 95cm. Манипулацијата на подвижните церади е со помош на електричен погон. ЕЛЕКТРИЧНОТО управување е со (електромотор-редуктор и механизам за движење.) Командувањето може да биде од надвор или од кабина со копче. Брзина на електрично затворање-отворање 15-20 cm/s. Прекривките можат да бидат во разни бои и се наменети за стандардни надворешни температури до 50°C. По барање на инвеститорот вградуваме прекривки-церади отпорни на повисоки температури (максимална температура на транспортираниот материјал до 180-200°C), како на пример транспорт на асфалт. Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Златна рака-М
  • профил на компанијата

    Златна рака-М

    • Опис на компанијата:Сигурно малкумина од Вас се сеќаваат на далечната 1970 година, и “дуќанчето” од десетина квадратни метри кај “Стара рампа” кое ги правеше оние први, несигурни, детски чекори на пазарот. Бевме млади, полетни, полни со идеи, планови, надежи. Имавме визија за нашата фирма и огромна, неизмерна енергија и љубов кон работата. Не се штедевме себе си, не Ве штедевме ниту Вас. Благодарни сме Ви за Вашето разбирање, поддршка и трпение. Почнавме како мал занаетчиски дуќан кој својата идеа, љубов и амбиција ја престори во реалност и воведе светски производи на нашиот пазар со квалитет и безбедност според сведски стандарди а македонско производство. “ЗЛАТНА РАКА” денес е фирма со педесетина вработени, сместена на над 2000 m2 работна површина, опрема и машини (од кои повеќето се конструирани и изработени во нашите погони) единствени во нашата земја па и пошироко. Повеќе иновации, пронајдоци и патенти, како и вредни признанија, дипломи и благодарници, кои се своевидна потврда за квалитетот на нашите производи. Сите производи на нашата фирма се прво понудени на нашиве простори, а некои од нив и во источна Европа. Од самиот почеток нашата фирма се труди да ги задоволи потребите на купувачите, да понуди нешто ново, иновативно, безбедно и практично, нашата цел е да ви понудиме идеална заштита на вашиот дом и деловен простор. Долга e и впечатлива референтната листа на клиенти, во земјава и во странство, а сертификатот ISO 9001-2008 зборува сам по себе. Нашето мото беше и останува: “СЕ ШТО ЗА ДРУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРОБЛЕМ - ЗА НАС Е ПРЕДИЗВИК!“
    • Име на контакт лице:Влатко
    • Адреса:бул.Јане Сандански 11 лок.3
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:072248853
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2460096
    • Факс #:00 389 (0) 2722443
    • Година на регистрација:1970
    • Локација на мапа:Прикажи



    022460096

    корисничка поддршка