Опис на компанијата:Нашата компанија повеќе од 20 години преставува лидер во комуналната хигиена, услугите за Дезинсекција, Дератизација и Дезинфекција, а од неодамна и во сегментот на хигиената, санитацијата, избор на иновативни решенија за професионални корисници, хартиени производи за професионална употреба, алатки и пробор за хигиена.
Покрај заштитата од штетници, Приматекс во својата платформа на производи Ви овозможува и професионални производи за хигиена од програмата на најголемиот светски производител Deversey, која опфаќа широк спектар на апликации со што во целост се покрива високо ниво на:
• Хигиена на раце и тело
• Хигиена на подови теписи и површини
• Хигиена во кујна
• Детергенти за професионални перални
• Машини за чистење
• Комплетна хигиена во индустријата за храна и пијалоци
• Алатки за чистење
• Разна опрема за дозирање и апликација
Како преставник и дистрибутер на повеќе од 7 реномирани производители имаме развиено сопствена дистрибутивна мрежа и стручно оспособени вработени кои во секое време посветено работат на Вашите потреби, желби и проблеми. Заеднички се трудиме да ја добиеме Вашата доверба, истата да ја потврдиме и надградиме. Ова е нашата стратегија која сакаме да ја отсликаме. Секојдневно се надградуваме и усовршуваме за ефикасно извршување на нашите работни задачи. Веруваме во тоа што го работиме и се повеќе наши корисници се доказ за Вашето задоволство и доверба која ни ја потврдувате секојдневно.
За здрава и чиста средина!
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје