BILLING решенија
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Персонализирани комуникациски решенија изработени со брзина на еден клик Персонализирани сметки, изводи и извештаи, волуменски материјали за директна достава, сите видови на трансакциски и даночни документи – за сé што нашите клиенти сакаат да проследат до своите корисници, ние сме тука да одговориме со брза и безбедна, ефикасна и исплатлива, прецизна и навремена изработка со секогаш беспрекорен квалитет. Со употреба на нашите специјализирани billing системи, врвна мејлинг опрема и доверлив и посветен персонал, нашите клиенти се секогаш чекор пред конкуренцијата. Одделно конфигурираниот billing оддел нуди безгранични можности за ефективно и ефикасно исполнување на секое индивидуално барање од клиентите преку: - 3 KERN и 1 NEOPOST машини за ковертирање со дневнен капацитет на повеќе од 160.000 ковертирани писма - 10 NASUATEC ласерски печатари за брза персонализација и капацитет за изработка на повеќе од 2.000.000 меморандуми дневно - Прилагодлив софтвер за следење и вчитување на OCR / Data Matrix / бар кодови - Квалификуванa техничкa поддршка расположлива 24/7 - 24/7 напреден систем за безбедност и надгледување - Одделни протоколи за заштита на сопственоста и податоците на клиентот во согласност со законските регулативи Клучните играчи во областа на телекомуникациите, банкарството, јавните и комунални услуги ни ја имаат доверено изработката на својот billing кој е од суштинско значење за нивниот бизнис. Со унапредена перформанса во справување со милијарди billing документи секоја година, ги штедиме буџетите на нашите клиенти при исполнување на нивните барања и надминување на очекувањата.
Категорија:Печатарски услуги
Достапност:Контакт
Продавач:Бато & Дивајн
профил на компанијата
Бато & Дивајн
- Опис на компанијата:Bato&Divajn Graphic Center претставува компанија за високо-технолошко печатење, која ги вклучува сегментите за графички дизајн, pre-press, offset печатење и доработка. Специјализирана е за дизајн и изработка на картонска амбалажа, вредносни картички, етикети за пијалоци, хартии од вредност и широк асортиман на Point - of - Sale материјали и останати печатарски производи. Имплементацијата на ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004 стандардите за квалитет, овозможува унапредена перформанса, во остварувањето на визиите на своите клиенти.
- Име на контакт лице:Коста Андов
- Адреса:Борис Трајковски 314 (Првомајска)
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:022785915
- Факс #:022785927
- Локација на мапа:Прикажи