00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Безбедносен печат [SECURITY PRINT]


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Безбедноста и интегритетот на клиентите во сржта на секој наш потфат

    Заштита на производите на нашите клиенти од копирање, фалсификување и репродуцирање е она за што сме специјализирани.
    Посветени на континуирано истражување, анализи за ризици, развој и изработка на напредни решенија за безбедносен печат и автентизирање, гарантираме дека производите на нашите клиенти се доверени во најсигурни раце.
    Осигурувајќи нашите клиенти секогаш на време да го добиваат токму она што им е потребно, осмислуваме и имплементираме најразлични, посебно дизајнирани и уникатно интегрирани, целосни печатарски решенија за сите сегменти од индустријата за безбедност на производи.
    Нудиме единствени решенија за автентикација на производите, најсовремени технолошки солуции за безбедносен печат, напредни видливи и невидливи карактеристики за заштита, сите воведени за да спречат потенцијални злоупотреби во многу засегнати сфери, како што се:

    - Тутунска индустрија
    - Индустрија за алкохолни пијалоци
    - Фармацевтска индустрија
    - Документи и хартии од вредност
    - Државни институции
    - Банкарство и финансиски институции
    - Производи за широка потрошувачка, итн.

    Горди сме на долгогодишните релации градени со клиентите, кои ни ја имаат нам доверено нивната безбедност, што придонесе за обликување на нашето производство, техничка експертиза и конфигурација на решенијата за безбедносен печат до совршенство.

    Имајќи ја секогаш безбедноста на сопственоста на клиентите во примарен фокус, сите фази од целиот производствен процес се под постојан 24/7 надзор и заштита, надополнети со високо квалификувани кадри за безбедност и мониторинг, електронски обезбедени и контролирани пристапи, посебни безбедносни протоколи и заштитени зони, во согласност со компаниската политика и барања од ISO системите за управување.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Бато & Дивајн
  • профил на компанијата

    Бато & Дивајн

    • Опис на компанијата:Bato&Divajn Graphic Center претставува компанија за високо-технолошко печатење, која ги вклучува сегментите за графички дизајн, pre-press, offset печатење и доработка. Специјализирана е за дизајн и изработка на картонска амбалажа, вредносни картички, етикети за пијалоци, хартии од вредност и широк асортиман на Point - of - Sale материјали и останати печатарски производи. Имплементацијата на ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004 стандардите за квалитет, овозможува унапредена перформанса, во остварувањето на визиите на своите клиенти.
    • Име на контакт лице:Коста Андов
    • Адреса:Борис Трајковски 314 (Првомајска)
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:022785915
    • Факс #:022785927
    • Локација на мапа:Прикажи



    022785915

    корисничка поддршка