UPM Кунздрук UPM Finesse Gloss
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Високо бела сјајна бездрвна хартија. Многу области во овој бизнис ја ценат сјајната површина на овој тип хартија од која излегуваат брилијантни слики со најфини детали.
Се користи во разновидни области, како на пример за рекламен материјал, книги, брошури, каталози, магазини, весници. 6 MAJ располага со граматура од 150 до 300 гр. oд овој вид хартија.
Се користи во разновидни области, како на пример за рекламен материјал, книги, брошури, каталози, магазини, весници. 6 MAJ располага со граматура од 150 до 300 гр. oд овој вид хартија.
Категорија:Хартија и картони
Достапност:Контакт
Продавач:6 Мај
профил на компанијата
6 Мај
- Опис на компанијата:На 21-ви февруари 1991-та година, во едно време кога се раѓаше пазарната економија на тогашната СФРЈ, Чатлески Петар, дипломиран економист на првата генерација економисти при Економскиот Факултет во Скопје, ги постави темелите на 6 Мај. На самиот почеток владеела дилема за определба на дејноста на фирмата, но талкањето не траело долго. Од изборот меѓу печатница и трговија со графички дејности, г-дин Чатлески се решава за трговијата воден од својата желба за донесување на новитети во Македонија. Прв бренд со кој се поврзал е Вевче, индустрија фокусирана на етикетна хартија и хартија за флексо печат од Љубљана. За својот потег г-динот Чатлески добил огромна поддршка од сега веќе пензионираните тогашни менаџери, г-дин Иван Јамнишек и г-дин Петар Селан. За многу кратко време 6 Мај станува лидер во областа на етикетна хартија и хартија за флексо печат на подрачјето на веќе оформената самостојна Република Македонија. Само 2 години по формирањето на 6 Мај, се вработуваат Сашо Чатлески и Миодраг Даскаловиќ. Младоста, ентузијазмот и желбата за успех ги мотивира да освен Вевче посегнат и по многу други брендови, како: Радече и Количево од областа на хартијата и Кодак, Варн, ЕЦС, Флинт Груп од областа на графичката припрема. Денес 6 Мај брои 10 вработени од кои 6 се со високо образование. Ентузијазмот и желбата за нови предизвици се она што не води низ годините, а традицијата измешана со современиот свет е она што ќе продолжиме да ви го пренесуваме и понатаму.
- Име на контакт лице:Olivera Kopaceva
- Адреса:Коле Неделковски 41
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:072 214482
- Телефон #:02 3111751
- Година на регистрација:1991
- Локација на мапа:Прикажи