00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Муфлон Chrom

Муфлон Chrom

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Муфлон ХРОМ е самолеплива хартија со мала сјајност и висока белина . Погодна е за етикети и лепенки, а нејзината висока граматура го олеснува рачното лепење на истите.
    Нискиот степен на силикон овозможува прецизно сечење на етикетите.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:6 Мај
  • профил на компанијата

    6 Мај

    • Опис на компанијата:На 21-ви февруари 1991-та година, во едно време кога се раѓаше пазарната економија на тогашната СФРЈ, Чатлески Петар, дипломиран економист на првата генерација економисти при Економскиот Факултет во Скопје, ги постави темелите на 6 Мај. На самиот почеток владеела дилема за определба на дејноста на фирмата, но талкањето не траело долго. Од изборот меѓу печатница и трговија со графички дејности, г-дин Чатлески се решава за трговијата воден од својата желба за донесување на новитети во Македонија. Прв бренд со кој се поврзал е Вевче, индустрија фокусирана на етикетна хартија и хартија за флексо печат од Љубљана. За својот потег г-динот Чатлески добил огромна поддршка од сега веќе пензионираните тогашни менаџери, г-дин Иван Јамнишек и г-дин Петар Селан. За многу кратко време 6 Мај станува лидер во областа на етикетна хартија и хартија за флексо печат на подрачјето на веќе оформената самостојна Република Македонија. Само 2 години по формирањето на 6 Мај, се вработуваат Сашо Чатлески и Миодраг Даскаловиќ. Младоста, ентузијазмот и желбата за успех ги мотивира да освен Вевче посегнат и по многу други брендови, како: Радече и Количево од областа на хартијата и Кодак, Варн, ЕЦС, Флинт Груп од областа на графичката припрема. Денес 6 Мај брои 10 вработени од кои 6 се со високо образование. Ентузијазмот и желбата за нови предизвици се она што не води низ годините, а традицијата измешана со современиот свет е она што ќе продолжиме да ви го пренесуваме и понатаму.
    • Име на контакт лице:Olivera Kopaceva
    • Адреса:Коле Неделковски 41
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:072 214482
    • Телефон #:02 3111751
    • Година на регистрација:1991
    • Локација на мапа:Прикажи



    023111751

    корисничка поддршка