Опис на компанијата:НЕОКОМ е основан во мај 1990. Главната инвестиција во сите години од постоењето се вложувањата во едукацијата на сопствениот професионален кадар. Примената на најсовремените технологии, како и врвниот професионализам на стручниот кадар, придонесоа Неоком да стане водечка компанија во Македонија во сферата на информатичките технологии. Континураниот пораст на компанијата во сите изминати години придонесоа Неоком да достигне завидно финансиско ниво, кое во 2002 година беше заокружено со новиот современ деловен објект со повеќе од 7.000 м2. СТРАТЕГИЈА И ВИЗИЈА - Да се задржи континуираниот и позитивен раст на компанијата, со што се заштитуваат интересите на акционерите. Имплементација на високите светски стандарди во ИКТ преку континуирано следење на најсовремените технологии и трендови - светските компании и нивните стандарди на дофат на корисникот. Големата конкуренција во ИКТ е само предизвик Неоком секогаш да биде чекор пред другите. Да продолжиме да бидеме привлечни за млади и талентирани експерти, создавајќи амбиент погоден за креативност и афирмација. МИСИЈА - На корисниците да им пружи врвни услуги, опрема и решенија, кои ќе им овозможат поголема конкурентност, квалитет и зголемување на нивниот бизнис. ДЕЛОВНИ АКТИВНОСТИ - Како водечка компанија во Македонија, Неоком има широк круг деловни активности: - Одржување и подршка на хардверска опрема; - Одржување, обука и поддршка за оперативни системи, бази на податоци и развојни алатки; - Проектирање и изведба на интегрирани компјутерски системи и мрежи; - Асемблирање на персонални компјутери; - Консултантски услуги од областа на ИКТ; - Апликативни решенија за Documet Management, архивирање, редакциски и агенциски систем, како и интегриран банкарски систем.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје