00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Калено стакло - сигурна заштита


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Каленото стакло е еден вид сигурносно стакло кое се произведува по пат на загревање на стаклото на екстремно висока температура, за потоа веднаШ со дување на ладен воздух,да се излади на нормална температура. Тоа е пет пати појако од стандардното стакло, поиздржливо на високи температури- и до 300степени, а за сигурноста и да не се споредува, бидејЌи не се крШи на остри делови, туку на мали ситни парчина. Заради оваа особина каленото стакло се употребува во трговски центри, деловни објекти и секаде онаму каде Што има голема фрекфенција на луѓе и има потреба од дополнителна заШтита.
    Се употребува и во автомобилската индустрија кај страничните стакла на возилата.
  • Категорија:Стакло
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:ИЗО стакло
  • профил на компанијата

    ИЗО стакло

    • Опис на компанијата:Може да се рече дека ИЗО СТАКЛО ДОО Прилеп, се појави како феникс од пепелот, на основата на добро познатото акционерско друштво во тогашната СФРЈ-Сигурносно Стакло АД Прилеп. После успешната трансформација на државниот капитал, беше приватизирана и паралелно со неа почна да егзистира друштвото ИЗО СТАКЛО ДОО Прилеп, инвестирајќи во нова современа опрема и проширувајќи ја производната програма со производство на структурални фасади, алуминиумски и пвц профили, како и примена на стаклото во современиот внатрешен и надворешен дизајн во домовите. Со задоволство можеме да кажеме дека сме единствена компанија во Р.Македонија, но и во регионот, за производство на шофершајбни, калено и ламинирано стакло, како и панцир стакло со дебелина до 33мм. Наше мото: Максимално да им се доближиме на нашите потрошувачи, нудејќи им квалитетен и ефтин производ, како и да станеме лидер во производството на шофершајбни и ламинирано стакло во регионот.
    • Име на контакт лице:IZO staklo
    • Адреса:Александар Македонски б.б.
    • Поштенски број:7500
    • Град:Прилеп , Македонија
    • Телефон #:048 402110
    • Факс #:048 402210
    • Локација на мапа:Прикажи



    048402110

    корисничка поддршка