00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

JCB - ХИДРАУЛИЧНИ РОВОКОПАЧИ


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:JCB хидрауличните ровокопачи – за максимална продуктивност ви нудиме широка гама на мотори со различен вртежен момент , уникатно прилагодени и адаптирани за секој модел на ровокопач. Новите JCB мотори со масимален вртежен момент и низок број на вртежи обезбедуваат максимална продуктивност со минимална потрошувачка.Тешката и средната гама ја сочинуваат 16 основни модели во опсег од 11 до 47 тона , и повеќе подмодели . За ископување, уривање, работа на каменоломи , рудници , во градежништвото, нашите тешка гама нуди ефикасен оперативен циклус за оптимално време, робусно подвозје со лесна подвижност и управливост. При изградба на стамбени згради, фабрики, цивилно инженерство, изградба на железници, работа на земјана површина , нашата средна класа на машини, со својата одлична прегледност, зголемена моќност и капацитети на подигање, се полесни и покомпактни за употреба . Една од најпространите и најпрегледни кабини во оваа класа со ергономските и интуитивни контролни команди му обезбедуваат на секој оператор лесна оперативност, управливост и манипулативност. Брзиот и лесен сервисен пристап обезбедуваат релативно краток прекин во работата за сите типови на сервисни операции. Live link–от како иновативен софтверски систем овозможува менаџирање со машината on-line од далечина преку компјутер или мобилен телефон, што овозможува зголемена продуктивност и намалени трошоци, голем бенефит за сервисот и одржувањето и максимална сигурност.

    Механизација за градежништво
    Градежна механизација
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Глобал Моторс
  • Земја на потекло:Велика Британија
  • профил на компанијата

    Глобал Моторс

    • Опис на компанијата:ГЛОБАЛ МОТОРС ДООЕЛ СКОПЈЕ како единствен овластен дистрибутер за градежна индустриска и земјоделска механизација JCB Англија во Република Македонија , Ви нуди широката гама механизација со која може да Ве снабдиме и тоа : - комбинирани градежни машини ровокопачи - натоварувачи - ровокопачи гасеничари - ровокопачи точкаши - мини ровокопачи на гумени гасеници - натоварувачи - мини натоварувачи - телетрак за манипулација со различен тип на товар - телескопски манипулатори - градежна варијанта - телескопски манипулатори - агри варијанта - компактори - Генератори и др. ГЛОБАЛ МОТОРС е единствен овластен дистрибутер и за JCB додатоци- за сите градежни машини , оргинални резервни делови и располага со сопствен сервис и сопствена патронажна севисна служба за сервисирање на терен. Сите информации за продажба и финасирање на маШини , делови сервисирање и можат да се добијат во сервисно продажниот центар лоциран во Скопје , бул.Македонско-Косовска бригада бр.60 , Бутел.
    • Име на контакт лице:Сашо Николовски
    • Адреса:бул.Македонска Косовска бригада 60
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02/2600550
    • Факс #:02/2600555
    • Локација на мапа:Прикажи



    022600550

    корисничка поддршка