00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Caterpillar ГРЕЈДЕР


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Сите модели од „М„ серијата имаат револуционерен дизајниран, кабина која овозможува уникатен комфор, прегледност и едноставност при користењето, што ги прави возачите посигурни и попродуктивни.
    Врата под агол, конусен под и фактот дека нема командни палки драматично ја зголемува прегледноста до ножот...
    Системот на команди со џојстик во голема мерка го поедноставува управувањето со грејдерот како и нивото на потребната обука и го намалува бројот на потези со раката и зглобот за дури 78%, подобрувајќи ја ергономијата.
    Патентираните даски кои се подесуваат од горната страна во голема мерка го намалуваат времето за подесување на потезницата и го намалуваат времето на застој, намалувајќи ги на тој начин вкупните трошоци за работа на машината.
    Единствениот систем на држење на ножот без подлошка ја намалува можноста за вибрирање на ножот што во голема мерка го намалува времето потребно за сервисирање.
    Системот на управување со јачината на моторот автоматски ја зголемува јачината на моторот за пет коњски сили при секоја брзина. Оваа стандардна карактеристика го оптимализира контактот помеѓу тркалото и возната површина при сите брзини, штедејќи гориво во исто време. Достапна е и опција за променлива коњска сила плус (Variable Horse Power Plus -VHP Plus).
    Подобрениот систем за возење на сите четири тркала достапен е и за машини со големина од 120-, 140- и 160 со дополнителни карактеристики вклучувајќи хидростатички начин на работа и патентиран редуктор за пренос.
    Сите модели од „М„ серијата имаат сигурности системи како што се: детектирање на присуството на возачот на грејдерот, можност за вградување на камера од задната страна и уште многу други опции.

    ***Модел: 120M; Нето моќност: 103 kW; Работна тежина: 14093 kg; Широчина на ножот; 3.7 m

    ***Модел: 12M; Нето моќност: 118 kW; Работна тежина: 14522 kg; Широчина на ножот; 3.7 m

    ***Модел: 140M; Нето моќност: 136 kW; Работна тежина: 15130 kg; Широчина на ножот; 3.7 m

    ***Модел: 160M; Нето моќност: 159 kW; Работна тежина: 15903 kg; Широчина на ножот; 4.3 m

    ***Модел: 14M; Нето моќност: 193 kW; Работна тежина: 21380 kg; Широчина на ножот; 4.3 m

    ***Модел: 16M; Нето моќност: 221 kW; Работна тежина: 26060 kg; Широчина на ножот; 4.9 m

    ***Модел: 24M; Нето моќност: 397 kW; Работна тежина: 62450 kg; Широчина на ножот; 7.3 m
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Текнокс груп Македонија

    • Опис на компанијата:ТЕКНОКСГРУП МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје како дел од групацијата TEKNOXGROUP е официјално назначен и овластен дилер од страна на Caterpillar за САТ градежните машини и мотори, оригиналните резервни делови и сервисните услуги, како и Олимпиан генератори за територијата на Република Македонија.
    • Име на контакт лице:Георгиевски Петар
    • Адреса:Качанички пат ул.20 бр.23
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:+ 389 (2) 2527-205
    • Факс #:+ 389 (2) 2527-127
    • Локација на мапа:Прикажи



    022527205

    корисничка поддршка