Термално-трансферни принтери (TTO) – Модел Smart Date 5
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:SmartDate 5 претставува ново ниво на ефикасност при печатењето на датум, серија и кодови за следење. Прецизност при пишување на различни детали - од содржина до баркод и лого за производите од прехранбената, козметичката, фармацевтската и др. индустрии. Ефикасност - различни системи за заштеда на лента и обезбедување минимално растојание на натписите од 0.5 mm обезбедуваат повеќе натписи врз иста должина на лентата. Флексибилност - колор екран или класичен црно-бел контролер. Интегрирани мрежни опции за управување и контрола. Лесно преминување од континуиран кон прекинат режим на печатење, во согласност со спецификите на вашата линија. *Брзина на печатење: - Прекината режим на работа - од 55 до 700 mm / s - Континуиран режим на работа - од 5 до 1000 mm / s - Континуиран режим на работа со шатл: од 5 до 1800 mm / s *Поле на печатење: - Прекината режим на работа: 53 mm х 75 mm - Континуиран режим на работа: 53 mm х 150 mm *Можности на печатење: - DRM - сеопфатнаелектронска контрола на лентата - DRA - електроника, механика и софтвер кои гарантираат растојание од 0.5 mm меѓу натписите - DRS - ја намалува потрошувачката за потрошен материјал, релативно движење - без пропуштени натписи, автоматски код на смена и сериски број, различни можности за внесување на алфа-нумерички информации. *Карактеристики на натписот: комплетен сет true type фонтови, вклучувајќи нелатински знаци и симболи. Печатење на реално време, датум и автоматско ажурирање на рок на траење, бар кодови: ITF, Code 39, Code 128, EAN 128, EAN 8, EAN 13, UPC A, UPC E, RSS линеарен Софтвер - Вклучен CoLOS ® Create софтвер за создавање на слики - CoLOS ® Create Pro (опција) - CoLOS ® Enterprise за работа во мрежа (опција) *Потрошен материјал: - Термо трансфер лента со различен состав и бои - Максимална должина на лентата - 900 m - Минимална широчина на лентата - 20 m - Максимална ширирна на лентата - 55 m
Категорија:Друга механизација , Механизација за печатење
Достапност:Контакт
Продавач:Интерстаб Инженеринг
профил на компанијата
Интерстаб Инженеринг
- Опис на компанијата:Интерстаб инженеринг е компанија која застапува врвни светски производители на индустриска опрема. Интерстаб инженеринг е официјален застапник на компаниите: • Markem-Imaje Business Group, светски лидер во производството на системи за маркирање и следливост во производството и • SMC pneumatics, светски лидер во производството на пневматика Целта на компанијата во делот на индустриско маркирање е да предлага решенија на своите клиенти кои ќе претставуваат најефективните средства за идентификација во производството по целата производствена линија, од примарно пакување, до кутии и палети, со користење на најновите технолошки достигнувања и да гради комплексни решенија за маркирање и кодирање, во согласност со специфичните потреби на секој производител. Застапени сме во следните индустрии • Храна • Пијалаци • Козметика • Фармација/Медицина • Екструдирање, електроника, електротехника Инк-џет мастилни принтери, термо-траснферни, ласерски, апликатори се само дел од асортиманот на производи кои ги нудиме на македонскиот пазар. Интерстаб инженеринг на своите клиенти им нуди сервисна поддршка 24/7 со сертифицирани сервисни инженери, основна или напредна обука за користење на производите која се одржува во просториите на Интерстаб инженеринг или кај клиентот, испорака на потрошни материјали и резервни делови, демонстрации и проби, изнајмување на опрема, технички консултации. Канцелариите, сервисната база и магацинот ни се лоцирани во Скопје.
- Име на контакт лице:Tomislav Gikovski
- Адреса:3-ta Makedonska brigada br.54a
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:+389 2 2031103
- Факс #:+389 2 2031103
- Локација на мапа:Прикажи