00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Матео Дизајн

  • Опис на компанијата:Матео Дизајн е основана во 2007-ма година како компанија која започна да се бави со обработка на различни видови материјали. Главна дејност на фирмата е моделирање на 3Д модели и нивна изработка на CNC машина. CNC (Computer Numerical Control) машината во денешно време е основен алат, без кој машинската индустрија не би можела да се замисли. Современата CNC машина ги има повеќето постоечки делови како старите, рачно контролирани машини. Важна разлика која ја прави CNC машината посовремена од останатите машини е софистицираниот систем и нумеричките податоци или координати според кои работи самостојно по претходно компјутерски направен модел. Матео Дизајн, со гореспоменатата машина успешно изработува длабоки и плитки резби во повеќе материјали. Во мермер и гранит ги има изработено монументалните столбови на Уставниот Суд, Летниковецот или Ротондата на љубовта, која се наоѓа на плоштадот Македонија и изработка на релјефи за споменикот на Филип II, во населба Автокоманда, фонтаната на Олимпија, дел од проектот, плоштад “Карпошово востание”, фонтаната на Филип II, дел од проектот, плоштад “ Карпошово востание” и за потребите на голем број приватни проекти (куќи,станови). Во дрво, фирмата МаТео Дизајн изработува резби, од кои досега има изработено за потребите на црквата “Успение на Пресвета Богородица” и за повеќе приватни објекти. Компанијата МаТео Дизајн, освен изработки во мермер, дрво и стакло, успешно изработува и релјефи на лесни материјали како од стиропор, гипс и полиуретан. Покрај главната дејност, фирмата се бави и со декоративни елементи, како дел од фасадни решенија. МаТео Дизајн ја изработи фасадната декорација на новата зграда на АЕК и моментално ја извршува фасадната декорација на Владата на РМ.
  • Име на контакт лице:Лазо Клинчаров
  • Адреса:Бутелска 29а
  • Поштенски број:1000
  • Град:Скопје , Македонија
  • Мобилен #:070255969
  • Телефон #:02 3256329
  • Локација на мапа:Прикажи

Локација

Слики

Лого

Останато

Комплетност на профилот71.88%
Број на производи29
Член од06 Дек, 2013
Последна промена15:52:43 , 13 Јан, 2016
Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка