00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

SILK®- колекција за депилација на лице и тело/ SILK® Hair Removal collection


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:SILK® ROLL-ON ПРИРОДНА СМЕСА за депилација на тело-Природна “шеќерна” депилација за ефикасно и речиси безболно отстранување на несаканите влакна од корен. Кожата останува мазна и нежна и до 4 недели. Прецизно и дозирано се нанесува со помош на roll-on апликатор. Лесно се отстранува со вода. Погоден за сите типови на кожа. Доколку сакате да останете дома а да добиете резултати како да сте посетиле скап салон за убавина. Природна смеса за депилација на тело, без додадени бои, парфем и без парабени.

    -SILK® ЦВРСТ ВОСОК ЗА ДЕПИЛАЦИЈА со алуминиумски сад Восок во гранули за традиционална топла депилација-Eфикасно, лесно и речиси безболно ги отстранува од корен несаканите влакна на лицето и телото. Посебно погоден за депилација на осетливите места, како и за отстранување на кратките, дебели и отпорни влакна. Особено ефикасен за бикини линијата. Кожата ја остава мазна и свежа поради истовремениот благ пилинг. Ефект кој трае и до 6 недели. Погоден за сите типови на кожа.

    -SILK® КРЕМА ЗА ДЕПИЛАЦИЈА НА ТЕЛО со уреа Брзо, ефикасно и безболно ги отстранува несаканите влакна од телото-Збогатена со уреа која ја омекнуваат и хидратираат кожата.

    -SILK® ЛЕНТИ ЗА ДЕПИЛАЦИЈА на лице и тело во пакување од 20 и 200 ленти-Ладна депилација за ефикасно, лесно и речиси безболно отстранување од корен на несаканите влакна. Формула збогатена со комбинација на екстракт од невен и сончогледово масло, која ја смирува и омекнува кожата, оставајќи ја мазна, мека и нежна по секоја употреба. Ефект кој трае и до 4 недели. Погодни за депилација на лицетои телото. Наменети за сите типови на кожа. Совршен избор доколкупосакувате кожа нежна како свила за подолг временски период.Едноставна и лесна употреба, потребни Ви се само неколкусекунди да ја загреете лентата меѓу дланките и можете да почнете.
  • Продавач:Галафарм
  • Земја на потекло:Македонија
  • профил на компанијата

    Галафарм

    • Опис на компанијата:ГАЛАФАРМ е македонска фармацевтска компанија чија основна дејност е производство и продажба на фармацевтски и козметички производи. Лоцирана е на производствена површина од 2500м², и опремена со современа технологија, и производство во чиста средина се со цел да се овозможи најдобар квалитет за нашите производи. Сите производствени процеси се надгледувани од високо едуцирани луге кои секојдневно го применуваат своето знаење и искуство. Креиравме бизнис ориентиран кон потрошувачот и поседуваме ISO 9001:2008 сертификат од 2003 година.Компанијата е изградена, дизајнирана, и опремена во согласност со барањата на Добрата Производствена Практика водич што ги утврдува аспектите на производство што би влијаеле на квалитетот на производот. Нашата компанија е фокусирана и на странските пазари и моментално врши извоз на производи во многу соседни и подалечни земји. Во 2003 Галафарм се прошири и надвор од границите на Македонија со отварање на нова компанија со сопствено складиште во соседната земја Србија. Денес Галафарм ДОО Белград е успешна компанија со повеќе вработени. Галафарм е подготвен за партнерства и нови можности за нашите производи во странски пазари. Македонија се наоѓа во центарот на Европа и нејзината положба ја прави идеален транзит и дистибиционен центар за производи на Европскиот пазар. Географската близина на овие пазари дозволува ниски дистрибутивни трошоци и навремена испорака од Македонија. Галафарм ги извезува своите производи во следниве земји: Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија, Косово, Хонг Конг. За овие земји Галафарм има ексклузивни застапници кои ги дистрибуираат производите на овие пазари.
    • Име на контакт лице:Сектор Маркетинг и продажба
    • Адреса:ул.51 бр.23, Стопански двор, с.Волково
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:022050800
    • Факс #:0202 2050989
    • Локација на мапа:Прикажи



    022050800

    корисничка поддршка