00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Кинезиотејпинг

Кинезиотејпинг

Цената е со вклучен ДДВ
300 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Kineziotaping е метода при која што се аплицираат посебни, самолепливи и еластични траки, кои се поставуваат на одредени делови од телото, најчесто на болни или трауматизирани места. Траките се тенки, со дебелина приближна на човечката кожа. Направени се од 100% памук на кој е нанесен 100% полиакрил, кој е нанесен брановидно, слично на градбата на колагенот во сврзното ткиво (фасција, лигаменти). Не содржат никакви лековити супстанции, туку делуваат само со своето физиолошко дејство. Техниката може да се аплицира на речиси секој дел од телото и на повеќе делови одеднаш. Апликацијата не го попречува секојдневното функционирање и туширање на клиентите, бидејќи се еластични, лесно прилагодливи на телесната структура и водоотпорни. Техниката ја подкрепува мускулната функција, истовремено влијаејќи и на други неврофизиолошки и циркулаторни функции. Најважните моменти на нејзиното делување се:
    •Подобрување на мускулните функции
    •Подобрување на функцијата и зацврстување на зглобовите
    •Го подобрува протокот на телесните течности
    •Ги намалува или целосно ги одстранува болките
    Kineziotaping е техника за „бандажирање на мускулните и сврзните влакна“ со помош на еластични самолепливи траки, заради што можеме да речеме дека станува збор за „ФУНКЦИОНАЛНО БАНДАЖИРАЊЕ“. Изумител на оваа техника е јапонецот KENZO KASE, доктор по киропрактика, кој што ја започнал употребата на техниката во 1973 во Јапонија. Долго време техниката била актуелна и се употребувала само во земјите на далечниот исток (Јапонија, Кина, Кореа). Популарноста на техниката се проширила ширум светот, а во последните години ефикасноста од нејзината примена ја согледуваат и медицинските лица (физиотерапевти, физијатри и ортопеди), но и спортистите и спортските тренери.
    Кинезиотејпинг-траковите се гарантирано ефикасни, но потребна е едукација за нивна примена. Треба да се потенцира дека, оваа техника е одлично надополнување на основната работа на секој масер, терапевт или физиотерапевт, кои користат различни масажни и мануелни техники. Особено значајна е нивната примена кај спортистите, за терапевтски и превентивни цели, што ја дава нивната значајност за секој спортски тренер и физиотерапевт, уште повеќе пак за самиот спортист.

    Цена: 300-600 ден.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Студио Алтернатива

    • Опис на компанијата:СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот. Ви нудиме: Класична - шведска масажа, Туи-на кинеска масажа, Рефлексотерапија – рефлексна масажа на стапалата и дланките, Хавајска масажа - ломи ломи, Масажа со топли вулкански камења, Спортска масажа, Лимфна дренажа, Антицелулитни масажи, Терапевтска- медицинска масажа, Масажа на под/источни техники, Бовнова терапија, Kineziotaping и др. Кај нас ќе најдете и можност за едукација. Едукација, која во облик на курсеви ќе ви помогне во вашата професионална определба. Курсевите се наменети за сите оние кои сакаат да се едуцираат за профилот – МАСЕР/МАСЕРКА и сакаат да се научат ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА. СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на: ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ. ПОСЕТЕТЕ НЕ!
    • Име на контакт лице:Dejan
    • Адреса:Исаија Мажовски 44 лок.6
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:078/429295
    • Телефон #:02/6150369
    • Локација на мапа:Прикажи



    026150369

    корисничка поддршка