00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Хавајска масажа „Ломи Ломи“


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Тоа е уникатна, течно поврзана, ритмична и динамична масажа на целото тело, кое истовремено се третира од главата до стапалата. Многу е релаксирачка, брзо ја одстранува напнатоста, ги регенерира животната енергија и доброто расположение. Таа е автентична хавајска масажна техника, која ја употребувале хавајските шамани. Со хавајската масажа допираме до јадрото на човечкото тело, го будиме „духот на Алоха“ се со цел човекот да се отвори кон природата и да ја поврати врската со надворешниот свет. Целтта е човекот максимално да се отвори и на тој начин да стане чувствителен за восприемање на надворешниот свет и случувањата во него. Духот на алоха е основа во филозофијата на хавајската масажа, која темели на принципите од ХУНА филозофијата, а станува збор за стил и начин на живеење.
    Основната придобивка од хавајската масажа е намалување на напнатоста, зголемување на виталноста и енергијата, подобрување на здравјето и чувството на среќа. Станува збор за:
    • заедница меѓу притискањето и разтегнувањето
    •физичка, динамична и енергична масажа
    •но пред се нежна масажа, со долги и ритмични движења, кои како бранови течат од горе на долу, од лево на десно, околу целото тело
    •бран по бран телото е се поопуштено, релаксирано, а мислите одлетуваат
    •по масажата масираниот се чувствува лесно, прочистено и обновено, се враќа надежта и внатрешната енергија, а душата ја обзема внатрешан мир
    Масирајќи, со поголеми количини на масло и употребувајќи ги дланките, подлактиците и лактите, масажата постигнува рамнотежа на физичко, ментално, духовно и емоционално ниво. Масажата има симболика на водата и ги симболизира морските бранови, а телото на масираниот го симболизира морскиот брег, па затоа ќе речеме „на спојот од морето и брегот се случува ломи ломи“.
    Најчесто се применува при состојби на:
    •Проблеми со локомоторниот апарат
    •Мускулни грчеви и проблеми
    •Детоксикација
    •Стрес и напнатост
    •Психолошки и емоционални состојби
    Бидејќи во голема мера го активира парасимпатичниот дел на автономниот нервен систем, големо влијание и ефект има и врз одредени состојби на внатрешните органи.

    Цена за 45/60/80:1200/1500/1800 ден.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Студио Алтернатива

    • Опис на компанијата:СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот. Ви нудиме: Класична - шведска масажа, Туи-на кинеска масажа, Рефлексотерапија – рефлексна масажа на стапалата и дланките, Хавајска масажа - ломи ломи, Масажа со топли вулкански камења, Спортска масажа, Лимфна дренажа, Антицелулитни масажи, Терапевтска- медицинска масажа, Масажа на под/источни техники, Бовнова терапија, Kineziotaping и др. Кај нас ќе најдете и можност за едукација. Едукација, која во облик на курсеви ќе ви помогне во вашата професионална определба. Курсевите се наменети за сите оние кои сакаат да се едуцираат за профилот – МАСЕР/МАСЕРКА и сакаат да се научат ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА. СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на: ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ. ПОСЕТЕТЕ НЕ!
    • Име на контакт лице:Dejan
    • Адреса:Исаија Мажовски 44 лок.6
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:078/429295
    • Телефон #:02/6150369
    • Локација на мапа:Прикажи



    026150369

    корисничка поддршка