Угостителско работење (CM)
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Софтверот за ресторантско работење претставува ефикасна алатка за управување на големи и мали ресторани, кафеани, пицерии, коктел барови и други угостителски објекти за исхрана, која обезбедува околина за брзо и едноставно опслужување на гостите. Интегриран е и модул за брзо опслужување на гостите преку користење на рачни терминали за прибирање на нарачките и нивно реално временско проследување кон кујната или шанкот. Во врска со модулот за магацинско работење, овој модул се претвора во исклучително флексибилно и повеќе функционално решение и овозможува управување со организација на објектот. Софтверот нуди можност за работа со неограничен број магацини, фирми, ценовници, артикли, единечни мери и пакувања, следење на артилки на консигнација, можност за одложено плаќање на купувачи и добавувачи, удобно и интуитивно барање на артикал по шифра или име, автоматско/одложено производство по рецепти при продажба, приказ на тековната залиха на артиклите, повторно печатење на контролни и крајни сметки, следење на залиха по пакувања, следење на одработеното време на персоналот, салдо на операторите според зададен % сервис, составување на график за работа на персоналот, можност за префлување на порачка во хотелска сметка, ограничување на пристапот на секој корисник до системските операции, номенктатури и извештаи, истовремено печатење на повеќе принтери и многу други можности. Повеќе информации можете да добиете на следниов линк http://www.elikosoft.com.mk/mk/Solution.aspx?option=cm Еликософт со својот тим стои на располагање на сите заинтересирани субјекти за било какви информации.
Категорија:Софтвер
Достапност:Има залиха
Продавач:Еликософт
Земја на потекло:Македонија
Минимална количина за нарачка:1
профил на компанијата
Еликософт
- Опис на компанијата:Компанијата е основана во 1994 година во Скопје со цел да изработува физибилити студии и апликативни решенија од областа на банкарство, градежништво, трговија, земјоделие како и од други области, прилагодени за потребите на корисниците. Транзицијата во Македонија отвори многу нови можности. Побарувачката на пазарот растеше во други економски полиња и ние ја увидовме можноста да делуваме и во други области од бизнисот како што е градежништво, па за таа цел се формираа два тима во компанијата и тоа IT сектор и Сектор за градежништво. Еликософт е помеѓу првите компании во регионот на Југоисточна Европа што развива и одржува високо квалитетни решенија во доменот во кој работи. Услугите што ги нуди компанијата вклучуваат советување, планирање, изработка и обука, преку директни контакти со корисникот на информационите системи. Еликософт е присутен на бизнис пазарот во Македонија изминативе дваесет години и во моментов брои повеќе од десет високо квалификувани и сертифицирани експерти, поделени во следниве сектори: • Развој и дизајн на софтвер • Одржување на апликативни софверски решенија • Обука, Help Desk и подржка на крајните корисници • Развој на web апликации • Сектор за градежништо – проектирање, надзор и изведба • Маркетинг • Финансии и администрација • Дистрибуција Нашиот профил можете да го разгледате на следниов линк http://elikosoft.com.mk/mk/About.aspx
- Име на контакт лице:Rade Petrovski
- Адреса:ul. Majka Tereza br. 11 lok. 2
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:00 389 75 247 249
- Телефон #:00 389 (0)2 3216 496
- Факс #:00 389 (0)2 3216 496
- Година на регистрација:1994
- Број на вработени:10
- Локација на мапа:Прикажи