00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Пресметка на плата (PC)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Софтверот за плати овозможува потполна евиденција на податоци на сите вработени, како и нивна пресметка на плати и боледувања. Тој претставува интегриран систем со два различни модули: 1. Човечки ресурси 2. Плата. Делот за персонална евиденција овозможува водење на евиденција на основните податоци за вработените во фирмата и тоа: презиме, име, татково име, датум и место на раѓање, пол, националност, место на живеење, вид на образование, вид на работно место, стаж во фирмата и многу други податоци кои се однесуваат на вработениот во фирмата. Самиот софтвер генерира голем број на извештаи кои произлегуваат од самите податоци за вработените во фирмата. Делот за плата овозможува пресметка на плата и тоа : пресметка на плата врз основа на параметрите дефинирани во фирмата (бодови, часови, стаж и.т.н), целосна пресметка на плата, пресметка на плата по делови, пресметка на персонален данок и придонеси, пресметка на боледување и евиденција на разни видови на одбитоци. Апликацијата овозможува генерирање на рекапитулари и прегледи по организациони единици, сектори и типови на вработени, како и генерирање на рекапитулари по банки. Системот овозможува и автоматско генерирање на пропишанитеобрасци: М4 образец, Ф1 образец, ПДДГИ образец, годишен картон, платни списоци, исппплатни листи, список на боледувања и др. Важно е да се спомене дека сите овие извештаи и обрасците се во согласност со законските прописи. Големо значење има и автоматското генерирање на TXT file коешто се вчитува во MPIN од УЈП, како и можноста за експортирање на документи во други file-формати (Excel, e-mail, PDF, HML, jpg, gif). Повеќе информации за овој пакет можете да добиете на следниов линк http://www.elikosoft.com.mk/mk/Solution.aspx?option=pc Еликософт со својот тим стои на располагање на сите заинтересирани субјекти за било какви информации.
  • Категорија:Софтвер
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Еликософт
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    Еликософт

    • Опис на компанијата:Компанијата е основана во 1994 година во Скопје со цел да изработува физибилити студии и апликативни решенија од областа на банкарство, градежништво, трговија, земјоделие како и од други области, прилагодени за потребите на корисниците. Транзицијата во Македонија отвори многу нови можности. Побарувачката на пазарот растеше во други економски полиња и ние ја увидовме можноста да делуваме и во други области од бизнисот како што е градежништво, па за таа цел се формираа два тима во компанијата и тоа IT сектор и Сектор за градежништво. Еликософт е помеѓу првите компании во регионот на Југоисточна Европа што развива и одржува високо квалитетни решенија во доменот во кој работи. Услугите што ги нуди компанијата вклучуваат советување, планирање, изработка и обука, преку директни контакти со корисникот на информационите системи. Еликософт е присутен на бизнис пазарот во Македонија изминативе дваесет години и во моментов брои повеќе од десет високо квалификувани и сертифицирани експерти, поделени во следниве сектори: • Развој и дизајн на софтвер • Одржување на апликативни софверски решенија • Обука, Help Desk и подржка на крајните корисници • Развој на web апликации • Сектор за градежништо – проектирање, надзор и изведба • Маркетинг • Финансии и администрација • Дистрибуција Нашиот профил можете да го разгледате на следниов линк http://elikosoft.com.mk/mk/About.aspx
    • Име на контакт лице:Rade Petrovski
    • Адреса:ul. Majka Tereza br. 11 lok. 2
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:00 389 75 247 249
    • Телефон #:00 389 (0)2 3216 496
    • Факс #:00 389 (0)2 3216 496
    • Година на регистрација:1994
    • Број на вработени:10
    • Локација на мапа:Прикажи



    023216496

    корисничка поддршка