00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Малопродажба / Продавница


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Малопродажба / Продавница во себе ги содржи сите потребни законски документи (ПЛТ, ЕТ, дневни извештаи, картици, даноци, продажба,...), и поврзан е со фискална каса или фискален принтер

    На програмот малопродажба може да му се додаде и програмот фактури од продавница. Програмот малопродажба / продавница работи како класична продавница, тобако систем или пак со задолжување и раздолжување на дневниот промет.

    Програмот за Малопродажба дозволува целосна евиденција на прометот по фискални каси, по смени или пак по вработен (продавач). Овој програм овозможува да се направи попис во било кое време, па дури и неколку пати на ден. Кусоците и вишоците автоматски се прокнижуваат во лагерот, во Трговската книга и на Картица.

    Програмот за Малопродажба дозволува и менување на цените при самата продажба (повисока или пониска од редовната). Во позадина програмот сам прави Нивелација и ја враќа цената во нормала како што е пропишана.

    Програмот за Малопродажба може да се користи и како мини книговодство. Во тој случај се дозволува и водење на Влезните и Излезние фактури со сите нивни извештаи. Да се постигне комплетна контрола на финансиската евиденција, вградено е и следење и внесување на Изводите од банка, па се евидентираат сите влезови и излези од жиро сметката преку овие изводи.



    Маркети - фискализирана малопродажба поврзана со Магацинско работење
    Продавници - фискализирана малопродажба
    ТОБАКО (продавници 24 часа) - фискализирана малопродажба
    Бензински пумпи - фискализирана малопродажба
    Калкулации на мало
    Ресторантско работење поврзано со фискален апарат
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Бланк Софтвер
  • профил на компанијата

    Бланк Софтвер

    • Опис на компанијата:Бланк e компанија која врши изработка и одржување на апликативен софтвер како и имплементација на истиот. Покрај софтверот што е веќе готов (комплетни решенија за комерцијална-финансиска евиденција, поединечни, мрежни и поврзани меѓу себе - по желба на корисникот), правиме и софтвер по порачка спрема потребите на нарачателот. Во функција на подршка на инсталираниот апликативен софтвер се и нашите договори за одржување на истиот по истекот на гаранцискиот рок. Вршиме комплетен компјутерски инженеринг, со тоа што, во нашата работа и изведба се вклучени и реномирани надворешни фирми и соработници. Услуги: • Информациски инжинеринг • Изработка на апликативен софтвер • Изведба и одржување на мрежи • Продажба на опрема и периферни елементи • Продажба на лиценциран софтвер од Microsoft Непобитен факт, е тоа што од своето создавање Бланк нема ниту еден клиент кој ги откажал нашите услуги. Тоа е последица на адекватните програмски апликативни решенија, одржувањето на софтверот, следење на законските норми и прописи, адекватен и навремен одговор за секој проблем и што е многу важно, достапност за секој вид поддршка во тек на цело работно време, а по потреба и вон работното време (поврзана со нашето работење и специфицирано со договор).
    • Име на контакт лице:Бланк Софтвер
    • Адреса:Борка Талевски 26/2-9
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 2467539



    022467539

    корисничка поддршка