00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

TIP OF THE WEEK#2 - мојот прирачник за личен и професионален развој


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Tip of the Week® #2 – Мојот прирачник за личен и за професионален развој e единствен интерактивен прирачник за личен и за професионален развој во Македонија и е наменет за сите кои сакаат да инвестираат и да работат на својот личен и професионален развој, како и за оние кои сакаат да ја напуштат конфорната зона и да се соочат со стравовите од непознатото. Прирачникот нуди 40 совети, одлична содржина која мотивира, нестандарден и уникатен дизајн, многу реални и практични примери за подобрување на Вашето лично и професионално работење како и многу забава.
    Главниот мотив на прирачникот се ПРОМЕНИТЕ, бидејќи промените се тие кои во следниот период ќе треба да ни станат навика, да бидат дел од нашето секојдневие и да нè направат различни од конкуренцијата, од колегите, од опкружувањето.
    Прирачникот е продолжение на успешната приказна на „Tip of the Week® #1“- најпродаваниот прирачник за личен и професионален развој во Македонија со продадени над 8 000 копии, а повеќе од 250 компании од различен профил го користат за до-едукација и мотивација на своите вработени.
  • Категорија:Книги
  • Достапност:Контакт
  • Земја на потекло:Македонија
  • Гаранција:Доживотна
  • профил на компанијата

    Македонија-експорт

    • Опис на компанијата:МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ консалтинг е уникатен вид на Македонска компанија (сестринска компанија на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ www.macedonia-export.com - фирма специјализирана за промоција и трговија со македонски производи на меѓународен и локален пазар) која нуди консултантски услуги од областа на Маркетингот, Продажбата, Извозот и Имплементација на тренинг програми за јакнење и зголемување на мотивацијата на тимовите. Комбинацијата од нашето теоретско познавање во областите во кои работиме, како и практичното искуство во работењето со и во интерес на партнеритe – соработници на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ, е нашата најголема предност при изработка и имплементација на програмите. Покрај развој и подобрување на стручните вештини, како и посветување специјално внимание на психофизичкиот аспект и неговото влијание во работењето, при процесот на имплемeнтација на обуките, даваме совети и насоки кои помагаат на зголемување на ефектите и максимизирање на учинокот во работењето. Основни насоки и цели во нашето работење: - Програма креирана токму според вашите потреби - Уникатен и креативен пристап во имплементирањето на програмите и максимална инволвираност на учесниците - Обука во Пракса - Поддршка и следење на тимовите при работењето - Видлив резултат на краток и долг рок - „Секогаш повеќе“ за нашите клиенти
    • Име на контакт лице:Горан
    • Адреса:ЦРВЕНА ВОДА 8/14
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02/3121907
    • Локација на мапа:Прикажи



    023121907

    корисничка поддршка