00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Печен нелупен сончоглед


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Сончогледовото семе е плод на сончогледот (Helianthus annuus) кој одамна наоѓа примена во исхраната на човекот. Сончогледот има висока енергетска вредност од 580 kcal за 100 g, претставува богат извор на влакна (11g /100g) и има висока содржина на одредени минерали и витамини. Во печениот сончоглед од минералите најзастапени се бакар, фосфор, селен и манган, но има и висока содржина на цинк, калиум, магензиум и на железо. Од витамините, витаминот Е е доминантен, но исто така, има и висока содржина на пантотенска киселина, на витамин B6 и на нијацин. Бакарот игра важна улога во метаболизмот на протеините, во процесот на лекување и ја помага апсорпцијата на железо. Фосфорот, заедно со калциумот, игра улога во градбата на коските и на забите, но воедно, има и важна улога во преносот на енергија во клетките. Селенот има слична метаболична функција во човековото тело како и витаминот Е и делува како антиоксиданс, го штити хемоглобинот и помага во правилно функционирање на тироидната жлезда. Манганот е важна компоненета во метаболизмот на јаглехидратите, мастите и на протеините, но делува и како елемент кој ја помага функцијата на мозокот и на нервите. Витаминот Е игра улога на антиоксиданс во човековото тело, но исто така, учествува и во создавање на црвените крвни зрнца, ја регулира мускулната активност и активноста на жлездите.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка