00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

•MAMA’S домашно луто малиџано 550гр


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Состојки:

    Печена зелена пиперка од Струмица,
    печен модар патлиџан од Валандово,
    сончогледово масло,
    морска сол.
    Рецепт од: "мама Елена"
  • Категорија:Зимница , Зимница
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Mama's food
  • Земја на потекло:Македонија
  • профил на компанијата

    Mama's food

    • Опис на компанијата:Kaко започна се... Не многу одамна, некаде на југот од Балканот, во старата скопска меана ДУКАТ, седеа тројцата пријатели Петар, Калин и Бобан. Тројцата големи гурмани, водеа прав македонски деловен состанок пред богатата софра на која имаше буквално се што може да си замисли едно гладно око. Со разни меса на скара, мезиња, сирења, салати, ракии и вино се гостеа нашите пријатели, нималку свесни дека токму највкусните јадења на масата ќе бидат повод за нивната бучна полемика. Обземени од разните ајвари, лутеница, пинџур, везени, цепкани, печени и секакви други видови пиперка, тројцата со мерак макаа од даската, кога одеднаш, сосем неочекувано, изјавата на Петар ја разбрануваа мирната и домаќинска атмосфера во меаната: "Добар е ајваров, жими се. Само мајка ми прави подобар!" Дали тој тоа го кажа несвесно или беше поттикнат од некое луто пиперче, не може да знаеме, но коцката веќе беше фрлена! Следен веднаш се јави Бобан кој со полна уста тврдеше дека токму неговата мајка додавала специјален зачин во ајварот и дека токму нејзиниот бил највкусен на светот. За да не остане покус, Калин ги убедуваше своите пријатели дека тајната за успехот на еден ајвар, не во зачинот туку, во љубовта која токму неговата мајка го внесува во приготвувањето.
    • Име на контакт лице:Илина Бакев
    • Адреса:ул. Црвена Вода бр.8/14
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:+389 2 31 21 907
    • Локација на мапа:Прикажи



    023121907

    корисничка поддршка