00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Семе од чија


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Чијата потекнува од Централна Америка, каде што се користела уште од времето на Ацтеките. Тие ја нарекле „храна за трчање“ поради тоа што им овозможувала да ја одржат својата енергија. Дури една третина од нејзиниот составот припаѓа на мастите, од коишто повеќето се омега 3 и омега 6 масни киселини. Исто така, во составот има големо количество диетални влакна и протеини. Семето од чија содржи витамини од групата B, фосфор, калциум, цинк, како и антиоксиданси. За да се задоволат дневните потреби од омега 3 масните киселини, доволно е да се консумира околу 10 g семе од чија. Омега 3 масните киселини, особено АЛК, којашто е застапена во семето чија, одговрни се за одржување на нормалното ниво на холестерол и се неопходни за нормален развој и раст на децата.
  • Категорија:Здрава храна
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка