Сирење кравјо вакум
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот: Осоговско кравјо сирење - Произведено од пастериозирано кравјо млеко, изработено по традиционален рецепт со модерна технологија. Со кристално бела боја и прпознатлив вкус, со ферментација во посебно контролирани простории најмалку два месеца. Одлично за салати и други национални јадења.
Категорија:Млеко и млечни производи
Достапност:Контакт
профил на компанијата
Осоговски млечни производи Јого меркур
- Опис на компанијата:Јогомеркур е компанија со повеќе од 20 години постоење на македонскиот пазар. Од самото формирање во 1990 година се занимаваме со промет на млечни производи. Во состав на компанијата работи и производствениот погон млекарницата "МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА ОСОГОВО МИЛК" со капацитет од 25000 литри дневно. Млекарницата е лоцирана на падините на Осоговските планини во релативно чист регион далеку од индустриски објекти, поточно во с. Соколарци во непосредна близина на Кочани. Овие природни карактеристике се основа за добивање квалитетна суровина од која понатаму се произведува Осоговските млечни производи. Следејќи ја традицијата на регионот, модерната технологија и европските стандарди, мајсторите со долгогодишно искуство изработуваат производи препознатливи по својата оригиналност кои што се дел од секојдневието на нашите потрошувачи. Во 2008 година воведени се стандарди за безбедност на храна НАССР и ИСО 9001 : 2000 Сертифицирани од меѓународна сертификациона куќа. Осоговските млечни производи со својот карактеристичен вкус и арома ги освојуваат и најпребирливите гурмани. И после 20 години останавме верни на нашите потрошувачи.
- Име на контакт лице:Горан
- Адреса:Црвена Армија 20/10
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023137803
- Локација на мапа:Прикажи