Ладно цедено масло од лен 0,25л
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Ладно цеденото масло од лен претставува најбогат извор на Омега-3 незаситената масна киселина α-линолеинска киселина (АЛА). Ова масло содржи висока концентрација на лигнини – фитоестрогени кои имаат висока антиоксидативна активност и превентино дејство при канцерогените заболувања. Високата содржина на лигнини му овозможува задоволителна стабилност при термичка обработка на храната (стабилност околу 2 часа). Ова масло е посебно ефикасно во превенција на хронична иритација на цревата или Колитис. Исто така ова масло се користи и како природен лаксатив. Витаминот Е кој се соджи во лененото масло го намалува холестеролот во крвта и делува превентивно при срцеви заболувања и хипертензија. Кај пациентите со Сјогрен-ов синдром е забележано намалување на интензиетот на главниот симптом – сувост или недоволна влажност на очите. Поради продобрување на квалитетот на косата и ноктите најчесто се додава како компонента во козметичките препарати и средства за лична хигиена. Се препорачува редовна употреба кај жени по 45 година од животот заради намалување на симптомите на менопауза. Исто така, ги забрзува согорувањето на маснотиите поради што се користи при третмани за намалување на телесната тежина.
Категорија:Масло од растително и животинско потекло , Здрава храна
Достапност:Има залиха
Продавач:Агрофила
Земја на потекло:Македонија
Гаранција:2 години
Цена на големо без ДДВ:99 ден.
Минимална количина за нарачка:12
профил на компанијата
Агрофила
- Опис на компанијата:Фирмата Агрофила - Штип располага со сопствен производствен капацитет за производство на автентично ладно цедено масло за јадење. Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семки на различни видови растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликуваат со мирисот и вкусот на самото семе од кое се произведени. Тоа се нерафинирани, хемиски и термички нетретирани масла исклучително корисни за здравјето на луѓето. Маслото не содржи било какви конзерванси или адитиви и ќе им помогне на граѓаните да се вратат кон традиционалниот, природниот и здрав начин на исхрана и живот.
- Име на контакт лице:Адријана Василева
- Адреса:Индустриска зона Македонка бр.21
- Поштенски број:2000
- Град:Штип , Македонија
- Мобилен #:00 389 75 499 847
- Телефон #:00 389 (0)32 393 680
- Факс #:00 389 (0)32 393 681
- Година на регистрација:2007
- Број на вработени:18
- Локација на мапа:Прикажи