00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Уве микс - чај за олеснување на тегобите при воспаление на уринарните патишта


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Мешавина од мечкино грозје, килавица, коњски опаш, лист од бреза, зајчев трн и плод од шипки, кои заедно дејствуваат особено уро-антисептично, антибактериски, противвоспалително и силно диуретично. Билките ја подобруваат циркулацијата во организмот, го зголемуваат излачувањето на урината и воедно, заради силните антибактериски дејства, ги подобруваат состојбите при воспаленија на уринарните патишта. Чајот се препорачува и за исфрлање на камчиња од уринарниот тракт. Се препорачува долготрајна употреба на чајната мешавина Уве микс (2 до 3 недели) и тоа секогаш свежо приготвен и незасладен, во количини од 500 ml до 1000 ml чај дневно. Чајот се препорачува да се пие и по престанување на симптомите на уринарното воспаление. Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Достапен е во пакување: филтер кесички 20 х 2 g, 100 g
  • Категорија:Чаеви
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка