00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Хиперик микс - чај за смирување на желудочните тегоби


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Чајната мешавина од лист од маточина, нане, ајдучка трева, жолт кантарион, жалфија и крушина се препорачува за подобрување на фунцијата на желудникот. Присутните компоненти во мешавината благотворно дејствуваат на функцијата на желудникот, стимулирајќи го лачењето на неговите сокови, смирувајќи ги спазмите, дејствувајќи антибактериски и противвоспалително, особено во случаи на чир на желудникот. При состојби на надразнетост на слузокожата на желудникот, ги смирува симптомите на гадење и повраќање. Воедно, сите присутни компоненти го подобруваат варењето на храната и придонесуваат за смирување на желудочните тегоби. Се препорачува да се пие секогаш свежо приготвен, пред оброк, неколку пати во тек на денот. Ве молиме, задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Достапен е во пакување: 100 g
  • Категорија:Чаеви
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка