00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Чај од бел трн


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Главна активна компонента на белиот трн е силимарин, којшто заедно со силибин и останатите компоненти од овој дел на билката придонесуваат за голем број на здравствени придобивки на човековиот организам, пред се на црниот дроб. Оваа билка е корисна за одржувањето на физиолошко прочистувачките функции. Придонесува за заштита и прочистување на црниот дроб, помага во одржување на неговата нормална функција и го стимулира варењето на храната.

    Една филтер-кесичка се прелива со 150 ml зовриена вода. Се остава да отстои 10 минути во покриен сад. Свежо приготвениот чај се пие два до три пати на ден. Не се препорачува употреба на чајот кај деца под 18-годишна возраст, при бременост и при лактација. Се препорачува консултација со доктор при употреба на чајот кај пациенти што што земаат лекови.
  • Категорија:Чаеви
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка