00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Вино Шато КАМНИК, Тен Барелс Каберне Совињон 2007; 0.75л.


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Премиум суво црвено вино добиено од 100% внимателно одбрано грозје од сортата Каберне Совињон од Скопското виногорје. Виното се одликува со длабока рубин црвенa боја и дискретни темно црвени нијанси. Права резерва со препознатлив, созреан, сортен и комплексен мирис кој потсетува на ситно зрнесто, црно овошје, како црна рибизла, капина, сува слива во комбинација со Личи, ванила, дим и печено како резултат на 24 месечното одлежување и созревање во нови барик (barrique) дабови буриња од 225 литри. Вкусот е полн заокужен со кадифеста структура, префинети свилени танини и долг, слаткаст повкус. Се служи на температура од 14-18’С, во комбинација со сите видови месо и богати јадења.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Шато Камник
  • Земја на потекло:Македонија
  • профил на компанијата

    Шато Камник

    • Опис на компанијата:Chateau Kamnik (Шато Камник)е мала винарија, автентично македонска, но организирана и опремена е со најсовремени технологии, истовремено задржувајќи го традиционалниот македонски дух и рецептури за создавање на вина и прилагодувајќи ги на денешниот префинет пазар на вино. Нашата филозофија е да се издигне нивото на македонската винска индустрија преку постојан ангажман и посветена потрага по соврженство. Камник е лоциран на надморска висина од 300 метри на јужната страна од падините на брдата, источно од Скопје. Благодариение на одличните климатски услови - планинските струи кои ја намалуваат температурата во лето, а ја затоплуваат земјата преку зима – и неповторливите карактеристики на на почвата Камник е референтна точка во регионот за произдовство на вина од светски ранг. Сорти кои се одгледуваат на Камник се: Syrah, Cabernet Sauvignon, Cabernet Franc, Merlot, Carmenere Sangiovese, Aglianico, Nebbiolo, Primitivo, Montepulciano од црвените лози..., а од белите грозја Chardonnay, Sauvognon Blanc, Pinot Grigio, Gewurtztraminer, Muscat Petit Grains, Moscato Giallo... Останатите сорти во моментов се развиваат експериментално... Бербата се одвива во септември кога гроздовите се концентрирани и кога имаат одлична рамонотежа на шекери, киселини и останати супстанции кои се показатели на исклучително ниво на физиолочка зрелост на грозјето. При бербата грозјето се собира рачно и рачно се селектира, а процесот на ферментација се одвива во специјални иноксни и дрвени танкови, со посебен начин на обработка, кој дозволува зачувување на сите ароматични компоненти и сомотести танини. По завршување на сите неопходни етапи од процесот, вината се флашираат, а потоа зреат уште неколку месеци пред да бидат пуштени во промет. Chateau Kamnik произведува црвени, бели и розе вина. Најисцрпни информации за истите ке најдете на нашата интернет страна http://chateaukamnik.com/chateau_kamnik.html, како и на страна за продажба на вина www.wine.mk .
    • Име на контакт лице:Анита
    • Адреса:Камник б.б.
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:(02)2523523
    • Локација на мапа:Прикажи



    022523523

    корисничка поддршка