Вино Шато КАМНИК, MERLOT SINGLE VINEYARD RESERVA 2007; 0,75л.
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Темна рубин боја. Богати ароми на капини и цреши со присуство на црн бибер и тутун во субтелна дабова основа. Свежи ароми на темни овошја со капка чоколада, бибер и горен даб. Великодушно, богато со вкусови на бобинки/капини, во присуство на кадифено мазни танини.
Категорија:Алкохолни пијалаци , Други производи од храна и пијалаци
Достапност:Контакт
Продавач:Шато Камник
Земја на потекло:Македонија
профил на компанијата
Шато Камник
- Опис на компанијата:Chateau Kamnik (Шато Камник)е мала винарија, автентично македонска, но организирана и опремена е со најсовремени технологии, истовремено задржувајќи го традиционалниот македонски дух и рецептури за создавање на вина и прилагодувајќи ги на денешниот префинет пазар на вино. Нашата филозофија е да се издигне нивото на македонската винска индустрија преку постојан ангажман и посветена потрага по соврженство. Камник е лоциран на надморска висина од 300 метри на јужната страна од падините на брдата, источно од Скопје. Благодариение на одличните климатски услови - планинските струи кои ја намалуваат температурата во лето, а ја затоплуваат земјата преку зима – и неповторливите карактеристики на на почвата Камник е референтна точка во регионот за произдовство на вина од светски ранг. Сорти кои се одгледуваат на Камник се: Syrah, Cabernet Sauvignon, Cabernet Franc, Merlot, Carmenere Sangiovese, Aglianico, Nebbiolo, Primitivo, Montepulciano од црвените лози..., а од белите грозја Chardonnay, Sauvognon Blanc, Pinot Grigio, Gewurtztraminer, Muscat Petit Grains, Moscato Giallo... Останатите сорти во моментов се развиваат експериментално... Бербата се одвива во септември кога гроздовите се концентрирани и кога имаат одлична рамонотежа на шекери, киселини и останати супстанции кои се показатели на исклучително ниво на физиолочка зрелост на грозјето. При бербата грозјето се собира рачно и рачно се селектира, а процесот на ферментација се одвива во специјални иноксни и дрвени танкови, со посебен начин на обработка, кој дозволува зачувување на сите ароматични компоненти и сомотести танини. По завршување на сите неопходни етапи од процесот, вината се флашираат, а потоа зреат уште неколку месеци пред да бидат пуштени во промет. Chateau Kamnik произведува црвени, бели и розе вина. Најисцрпни информации за истите ке најдете на нашата интернет страна http://chateaukamnik.com/chateau_kamnik.html, како и на страна за продажба на вина www.wine.mk .
- Име на контакт лице:Анита
- Адреса:Камник б.б.
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:(02)2523523
- Локација на мапа:Прикажи