00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

GOE WASHDOWN CONCENTRATE

GOE WASHDOWN CONCENTRATE

Цената е со вклучен ДДВ
899 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот: "Good Environmental Choice" сертифицираниот повеќенаменски чистач, силен кон маснотиите и дамките, a 100% безбеден за околината. Чисти, елиминира непријатна миризба и уништува бактерии со 99.99% ефикасност. Дизајниран за повеќе задачи за чистење, еден производ за се! Соодветен и за домаќинства и за индустриска примена. Природната, некорозивна формулација значи дека може да се аплицира на повеќе површини вклучувајќи: инокс, хромирани површини, пластика, дрво, плочки, винил и ткаенини. Без конзерванс, нетоксичен и сертифициран за безбедност околу храна, 100% Биоразградлив.

    БЕНЕФИТИ:
    - Нов, зелен профил на производот
    - Зголемена ефикасност во чистењето на бигор!
    - 99.99% антибактериска ефикасност!
    - Усовршена стабилност на РАСТВОР со вода за пиење (рок на траење до 6 месеци)
    - И тоа не е се. Конвенционалните хемиски средства кои се застапени на пазарот се движат со цена од 50, 60 до 150 ден. за 500ml. WashDown концентратот растворен со вода во сооднос 1:8 што е еквивалент на 4.000 ml/мл. подготвено средство за чистење, би добил цена од 40 ден. за 500 ml/мл. готов раствор за чистење.

    СОСТАВ: Вода, ензими, есенцијални масла.
    ПАКУВАЊЕ: 500ml, 1L, 5L, 10L, 20L, 25L;
    СЕРТИФИКАТИ И ОДОБРЕНИЈА: AQIS, APVMA, WA HALAL, GECA, Australian-made campaign, AVA Singapore, SA Water, Water Corp., Одобрение од Министерство за здравство-Биро за лекови на Р.М. бр.15-4944/2 од 11.08.2014 год.
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ГОЕ Европа
  • Земја на потекло:Австралија
  • Гаранција:2 години
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ГОЕ Европа

    • Опис на компанијата:НАШАТА ПРИКАЗНА: Полека но сигурно, популацијата на нашата планета почнува да разбира дека треба да почнеме да се однесуваме пољубезно со светот во кој живееме. После години на злоупотреба, од сечење хектар по хектар дождовни шуми, до катастрофални излевања на нафта и децении немилосрдно загадување, ја ставија нашата прекрасна земја во реална опасност. Конечно, владите ширум светот почнаа да применуваат мерки за да помогнат во одржувањето на нашата планета насмеана - и Вие можете да дадете придонес исто така. Производите за чистење во домаќинствата и индустријата може да бидат многу штетни за здравјето на Земјата. Оние мали дијаграми со риби кои умираат, неплодни дрвја и суви предели веќе се појавуваат на многу од шишињата за чистење, од средства за чистење на тоалети до средства за мебел. МИСИЈА: Наша мисија е да им помогнеме на луѓето и компаниите ефикасно да ја одржуваат хигиената и управуваат со својот отпад, нудејќи природни, поздрави производи за чистење кои не ја загрозуваат безбедноста и благосостојбата на идните генерации. Ние сме група млади луѓе кои веруваат во коегзистенција со природниот свет. ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА: Брендот - "GOE", основан 1992. год. е посветен на производство на природна палета производи за чистење и отстранување миризби со примена на био-ензимска технологија. GOE Europe Ltd, чекорејќи успешно на македонскиот пазар веќе 4 години како генерален увозник и претставник на брендот "GOE", од модерниот производствен погон во Перт, западна Австралија, овозможи овие производи да станат достапни и на Европскиот пазар. ПРИДОБИВКИ: - 100% Безбедни за околината, човекот и животните - Широка примена во домаќинствата и индустријата - Елиминација на миризби - 99.99% антибактериска ефикасност! - Економични. Само додадете вода. ДОКУМЕНТИ: THOR Antimicrobial Test Report (99.99%), Australian Made Certificate, Good Environmental Choice Australia Certificate, Food-Safe Declaration, Министерство за здравство на Р.М. - Реш. бр. 15-4944/2 од 11/08/2014
    • Име на контакт лице:Aleksandar
    • Адреса:Ул. Гоце Делчев бр. 34
    • Поштенски број:2000
    • Град:Штип , Македонија
    • Мобилен #:0038978411257
    • Телефон #:0038978411257
    • Година на регистрација:2014
    • Локација на мапа:Прикажи
    Цена со ДДВ:3.999 ден.

    GOE BIOCLEAN CONCENTRATE




    078411257

    корисничка поддршка