00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Детонаторскиот фитил


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Детонаторскиот фитил е експлозивно средство кое служи за пренос на детонацијата од Рударската каписла бр. 8 или електричниот детонатор до минското полнење.

    TRAYAL Корпорација произведува детонаторски фитили со 10 грама и 12 грама експлозивно полнење по должински метал со ознаки P-10 и P-12.

    Детонаторскиот фитил успешно се користи на површинските копови, во јамите каде што нема метан и јаглена прашина, во каменоломите како и за разни видови специјални површински и подводни минирања.

    Детонаторските фитили P-10 и P-12 не смеат да се користат во јамите со метан и јаглена прашина.

    Детонаторскиот фитил се намотува на калеми кои се пакуваат во кутии со димензии 240x240x850mm и тоа по четири калеми во секоја кутија.

    Пакувањето на детонаторскиот фитил е прилагодено според АДР/97 прописите.

    Гарантниот рок на употреба подразбира складирање на фитилот во суви и проветрени простории каде температурата не го поминува опсегот од -20C до +30C, односно релативната влажност не преминува 75%.

    Гарантниот рок на употреба, под пропишаниот начин на складирање е неограничен.
  • Категорија:Експлозиви
  • Продавач:Детонит
  • профил на компанијата

    Детонит

    • Опис на компанијата:Фабриката за експлозиви ДЕТОНИТ ДООЕЛ е изградена во 1978 година а со работа започнува во 1979 година. Основана е како дел од тогашната Хемиска индустрија “Милоје Закич” од Крушевац (денешна ТРАЈАЛ Корпорација) т.е како станица за производство на стопански експлозиви за потребите на рудникот за бакар и злато БУЧИМ. Од 1995 година фабриката функционира како посебно правно лице во склоп на ТРАЈАЛ Корпорација АД Крушевац. Покрај главната намена на фабриката да го снабдува рудникот Бучим со експлозив, Детонит уште во првите години на своето работење почнува да ги снабдува со експлозив и останатите рудници и каменоломи во Македонија како што се Фени Кавадарци, Тајмиште Кичево и други. Денес ДЕТОНИТ ДООЕЛ е современа компанија со имплементиран систем на квалитет по стандардот ISO 9001:2008 и СЕ знак за квалитет на своите производи и која пред се е пазарно ориентирана максимално задоволувајќи ги потребите на своите купувачи и освен домашниот пазар од 2010 година станува првиот извозник во Р. Македонија на стопански експлозив.
    • Име на контакт лице:Владо
    • Адреса:М.В.Трска б.б.
    • Поштенски број:2420
    • Град:Радовиш , Македонија
    • Телефон #:032 635 414
    • Локација на мапа:Прикажи



    032635414

    корисничка поддршка