00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Eфектна боја МAXIDECOR Sahara


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:МAXIDECOR Sahara е ефектна боја со врвен квалитет, изработена на база на водена дисперзија на акрилен врзувач, полнило, специјални адитиви и ефектни пигменти. МAXIDECOR Sahara е водоперлив премаз, со добра паропропусност, нештетен за луѓето и околината, едноставен за нанесување. Наменет е за заштита и декорација на внатрешните ѕидни површини, кај кои е потребно да се креира возбудлив и динамичен ефект. Може да се нијансира на МAXIМIX системот по тон картата на МAXIDECOR Sahara.

    КАКО СЕ КОРИСТИ
    Површината мора да биде: сува, носивно способна, чиста и без слабо врзани делови, прашина, водорастворливи соли, мрснотии и останати нечистотии. Старата боја, која не е добро врзана, механички се одстранува. Нерамните површини да се израмнат со акрилната маса за глетување GLETOLIN G. Потоа, на површината се нанесува ULTRADIS, тониран во нијанса приближна со бојата на завршниот материјал, а се према упатството на произведувачот. По сушењето на ULTRADIS от, се нанесува МAXIDECOR Sahara која се испорачува спремна за употреба, потребно е само рачно да се размеша до хомогенизација. МAXIDECOR Sahara е тониран на МAXIМIX системот и МAXIDECOR Sahara од различни полнења и датуми на производство задолжително мора да се хомогенизира! Техника на нанесување 1#-МAXIDECOR Saharа во мали количини постепено се нанесува во еден слој, со движења на четката во сите правци, на површина од 1-2m². При оптимални услови, 5 до 10 минути по нанесувањето, со сува четка повторно се поминува преку нанесениот материјал, слободно “играјќи” се со делот со песокта, како би го креирале финалниот изглед и би ги одстраниле евентуалните трагови на четката. Техника на нанесување 2#-материјалот во мали количини постепено се нанесува во еден слој, со коси, вертикални или хоризонтални движења на четката, на површина од 1-2m². При оптимални услови, 5 до 10 минути по нанесувањето, со сува четка повторно се поминува преку нанесениот материјал, со спротивни движења од претходните, за да се постигне конечниот изглед.

    ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
    Работна температура: Оптималната работна температура е од +10°C до +25°C. Не смее да се користи под +5°C.

    Потрошувачка: 7-9m²/l, во зависност од рапавоста и впивливоста на подлогата, техниката и начинот на нанесување.

    Рок на употреба и складирање: 18 месеци од датумот на производството истакнат на амбалажата. Да се чува во оригиналната, добро затворена и неоштетена амбалажа, при температура од +5°C до +25°C, заштитено од директната сончева светлина.
  • Продавач:Смарт колор
  • профил на компанијата

    Смарт колор

    • Опис на компанијата:Смарт колор е компанија чија основна дејност е трговија со бои и лакови, лепила и други производи за завршни работи во градежништвото, како и потребниот молерофарбарски алат. „Смарт колор“ е модерна трговска фирма која работи по светски стандарди. Фирмата е основана во 2004 год. Вработените во оваа фирма го негуваат современиот начин на работа, што подразбира врвен квалитет и знаења со што им се приближува на сé побројните купувачи и партнери. Ваквиот поволен однос помеѓу квалитетот и цените се постигнува со стабилни релации помеѓу добавувачите како и со воспоставување взаемна доверба помеѓу вработените и купувачите. Сите оние кои го имале задоволството да купуваат во нашата продавница виделе дека освен бои, лакови, четки и друг алат и опрема, можат да сметаат на асистенцијата и љубезноста на едуцираните продавачи како и на ниските цени. Истовремено, нашиот тим ќе ви понуди совети, идејни решенија и помош при донесувањето на одлуките, упатства за аплицирањето на производите како и помош и решенија при евентуалните проблеми кои се појавуваат во домот: влага, мувла, чад итн. Идејни решенија Нашиот тим ќе ви понуди совети, идејни решенија и помош при донесувањето на одлуките. Помош и упатства Даваме упатства и решенија при евентуалните проблеми кои се појавуваат во домот: влага, мувла, чад итн. Компјутерско нијансирање На секој молер и заинтересиран купувач му излегуваме во пресрет лесно и брзо да дојде до саканата нијанса. База на податоци Создадовме сопствена база на податоци во која се запишани сите компјутерско нијансирани бои и која се активира секогаш кога тоа ќе им притреба на нашите клиенти. Врвен квалитет и знаење Во нашата фирма го негуваме современиот начин на работа со што им се приближуваме на сé побројните купувачи и партнери. Едукација на вработените Постојана едукација на вработените овозможва постојано следењ на еколошките стандард и новите технолошки истражувања актуелни во светот. ПАРТНЕРИ Соработуваме со докажани производители од Европа, како и со п
    • Име на контакт лице:Смарт колор
    • Адреса:Антон Попов б.б. (Огњан Прица)
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:075 428407
    • Телефон #:02 3113889
    • Факс #:02 3113889



    023113889

    корисничка поддршка