00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Роло Челични Врати


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Индивидуални роло челични врати се можеби најпопуларниот тип на комерцијални врати. Тие се достапни во широк дијапазон на големини и форми и се изработени според потребите на клиентите за да обезбедат цврстина, издржливост и безбедност. Овој тип на врати се наменети за различна употреба и се економични во поглед на одржување и сервис.
  • Категорија:Врати
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Златна рака-М
  • профил на компанијата

    Златна рака-М

    • Опис на компанијата:Сигурно малкумина од Вас се сеќаваат на далечната 1970 година, и “дуќанчето” од десетина квадратни метри кај “Стара рампа” кое ги правеше оние први, несигурни, детски чекори на пазарот. Бевме млади, полетни, полни со идеи, планови, надежи. Имавме визија за нашата фирма и огромна, неизмерна енергија и љубов кон работата. Не се штедевме себе си, не Ве штедевме ниту Вас. Благодарни сме Ви за Вашето разбирање, поддршка и трпение. Почнавме како мал занаетчиски дуќан кој својата идеа, љубов и амбиција ја престори во реалност и воведе светски производи на нашиот пазар со квалитет и безбедност според сведски стандарди а македонско производство. “ЗЛАТНА РАКА” денес е фирма со педесетина вработени, сместена на над 2000 m2 работна површина, опрема и машини (од кои повеќето се конструирани и изработени во нашите погони) единствени во нашата земја па и пошироко. Повеќе иновации, пронајдоци и патенти, како и вредни признанија, дипломи и благодарници, кои се своевидна потврда за квалитетот на нашите производи. Сите производи на нашата фирма се прво понудени на нашиве простори, а некои од нив и во источна Европа. Од самиот почеток нашата фирма се труди да ги задоволи потребите на купувачите, да понуди нешто ново, иновативно, безбедно и практично, нашата цел е да ви понудиме идеална заштита на вашиот дом и деловен простор. Долга e и впечатлива референтната листа на клиенти, во земјава и во странство, а сертификатот ISO 9001-2008 зборува сам по себе. Нашето мото беше и останува: “СЕ ШТО ЗА ДРУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРОБЛЕМ - ЗА НАС Е ПРЕДИЗВИК!“
    • Име на контакт лице:Влатко
    • Адреса:бул.Јане Сандански 11 лок.3
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:072248853
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2460096
    • Факс #:00 389 (0) 2722443
    • Година на регистрација:1970
    • Локација на мапа:Прикажи



    022460096

    корисничка поддршка