ПРОТИВПОЖАРНИ ВРАТИ ППВ А1-90
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Сигурносната ПП А1-90 врата е атестирана и сертифицирана во Рударски институт - Скопје, ТЕХНОИНСПЕКТ - Скопје, број на сертификат 0802-98/01.Противпожарната врата ППВА1-90 е наменета за заштита на деловни и стамбени единици, одделување на противпожарните зони во индустриски објекти и колективни згради за домување, а при тоа не ја ограничува креативноста во проектирањето. ПП-90 е сочинета од огноотпорно метално крило и метален довратник. Крилото кај ПП-90 вратата е изработено од декапиран апкантуван лим ≠ 2.00мм, со потконструкција од метални профилации од лим ≠ 2.00мм. Во крилото има исполна од негорливи материјали ≠ 80мм. Вградени се сет од 3 брави, за ПП врати со патент цилиндер, со кои е обезбедена вратата од температурно свивање горе во средина и долу. На крилото цврсто се фиксирани 3 метални шарки за обезбедување од свивање горе во средина и долу. Оковот е вообичаено стандарден, или е по избор на инвеститорот. На вратата има можност за инсталирање сет полуги и брави за антипаник отварање, електромагнетна брава за контрола на влез и излез, туркач-амортизер и друга дополнителна опрема. Вратата е електростатски фарбана по РАЛ карта.
Металниот довратник е изработен од декапиран апкантуван лим ≠ 2.00мм. Профилите се составуваат со заварување во заштитна атмосфера на гасови. Довратникот е електростатски фарбан по РАЛ карта. На довратникот се прицврстени долните делови од шарките.
Металниот довратник може да биде комплетиран со метален перваз со што се врши целосно опшивање на широчината на ѕидот.
ППВ А1-90 е изработена во согласност со стандардите за технички мерки за заштита од пожари МКС У.Ј1.160 кој е поврзан со стандардите МКС У.Ј1.070 и МКС У.Ј1.200, кои се пак во склад со меѓународните стандарди ИСО 834 и ЕУР 8750.
ППВ А1-90 врата е атестирана и сертифицирана во Рударски институт - Скопје, ТЕХНОИНСПЕКТ - Скопје, број на сертификат 0802- 98/01.
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА:
1. Доплата за широка каса д≤300мм, со первази
2. Антипаниц пусх-бар
- хоризонтална+вертикална шипка
3. Туркач-амортизер за затварање на вратата
4. Електромагнет

Категорија:Врати
Достапност:Контакт
Продавач:Тензор
Гаранција:2 години
профил на компанијата
Тензор
- Опис на компанијата:Основна дејност на компанијата е производство и монтажа на: ПВЦ прозорци и врати алуминиумски прозорци и врати полуструктурални и структурални фасади поликомпозитни алуминиумски фасади секаков вид застаклување сигурносни врати противпожарни врати врати за специјална намена челични конструкции поликарбонатни покривачки работи разни браварски работи други градежно-занатски работи алуминиумски ролетни комарници
- Име на контакт лице:Пандил Милошевски
- Адреса:Ул.Владимир Комаров бр.18-Б лок.6
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:00 389 75 205 503
- Телефон #:(02)2457307
- Факс #:00 389(0)2 457 602
- Година на регистрација:1999
- Број на вработени:11
- Годишна продажба:20000000
- Локација на мапа:Прикажи