00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

БИРОСЕФ - СИГУРНОСНИ / БЛИНДИРАНИ ВРАТИ


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Биросеф е единствен производител во Македонија на сертифицирани сигурносни врати по EN 1627. Произведени во согласност со Европскиот стандард за сигурност EN 1627, кое е потврдено со Европски сертификат, издаден од ECB-S.

    Сигурносните влезни врати, сертифицирани по Европскиот стандард за сигурност EN 1627, овозможуваат поголема заштита на самите објекти, бидејќи истите се тешки за провала.

    Досегашното искуство покажува дека крадците многу потешко провалуваат во објекти опремени со вакви врати.

    Овие врати се произведуваaт согласно дадени барања и нормативи и во споредба со несертифицираните влезни блиндирани врати, потребно е многу подолго време и поголема вештина за да истите бидат провалени.

    Вратата е изработена во вид на сендвич од двострани челични лимови и исполна од термо изолациона ПП смеса. Има двострано заптивање со гумена лента, а сето тоа обезбедува топлинска и звучна изолација, како и противпожарна заштита.

    Крилото на вратата е опшиено со украсна АЛ лајсна и е двострано обложено со медијапан, кој може да биде фурниран или офарбан во нијанса по Ваша желба.

    Заклучувањето на вратата е со помош на Сигурносна брава која заклучува во повеќе точки.
  • Продавач:Биросеф
  • Земја на потекло:Македонија
  • профил на компанијата

    Биросеф

    • Опис на компанијата:ПТУ "BIROSAFE" ДООЕЛ Струмица е инжинеринг компанија, која е оформена во 2001 година и која се занимава со производство, продажба и монтажа на сигурносна, противпожарна и банкарска опрема (сигурносни и противпожарни сефови, каси и врати, трезори...) Наши главни коминтенти се: банки, пошти, министерства, јавни претпријатија, правни субјекти, физички лица... BIROSAFE има свои претставништва во сите балкански држави. Ние сме присутни на пазарите на територија на поранешните Југословенски републики (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Бугарија...) Од ноември 2005 година BIROSAFE се здоби со Сертификат за СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ - ISO 9001. BIROSAFE располага и со сопствена сервис екипа, која е специјално обучена за отстранување на појавените дефекти и решавање на било какви проблеми поврзани со функционирањето на нашите производи, кои се наоѓаат во гарантен и надвор од гарантен рок. Во 2009 година BIROSAFE стана членка на "ESSA - European Security Systems Association, Frankfurt / Main" (www.ecb-s.com). Во 2010 година BIROSAFE ги помина тестовите за сигурносни сефови и со тоа се здоби со ЕВРОПСКИ СЕРТИФИКАТ ЗА СИГУРНОСТ (EN 1143-1), издаден од страна на овластената за тоа Европска куќа "ESB-S - Germany".
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:Гоце Делчев 121
    • Поштенски број:2400
    • Град:Струмица , Македонија
    • Телефон #:034330290
    • Факс #:034330291
    • Локација на мапа:Прикажи



    034330290

    корисничка поддршка