00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

КИНГ Бас Трап

КИНГ Бас Трап

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:КИНГ Бас Трап е апсорбер на ниски фрекфенции, кој што помага ниските фрекфенции да се доведат под контрола, елиминирајќи ги насобраните стоечки бранови и прочистувајќи ја сликата на звукот во полето на ниските фрекфенции. Изработката од високо квалитетен полиестер го прави долготраен и резистентен на надворешни услови. Специјално дизајниран за агли во просторијата каде е присутен т.н. БУМ ефект на звукот. Често потиснатите и занемарени агли во просторијата сега може да бидат соодветно третирани и во заедничко дејствување со останатите акустични производи може да го претворат просторот во акустично пријатен амбиент.Ненаметливиот дизајн и лесната монтажа го прават овој бас трап соодветен за повеќето простори. Апсорпцијата започнува од 100 Hz.

    Димензии: 37х37х60см

    Материјал : висококвалитетен фоноапсорпцискиполиестер (огноотпоростFMVSS302)

    Достапни бои: RAL 7021 темно сива

    Лесно поставување-монтажа со лепило во форма на спреј или други универзални лепила.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Л-Децибел
  • профил на компанијата

    Л-Децибел

    • Опис на компанијата:Л-Децибел е македонска компанија која врши комплетен инженеринг за звук и акустика. Работиме активно на македонскиот пазар, а на своите клиенти им нудиме професионален пристап и третман на нивните проблеми поврзани со звукот и акустиката. Компанијата зад себе има реализирано многубројни проекти за јавни институции, приватни компании и клиенти. Л-Децибел работи по современи методи преку соодветна и професионална- високо технолошка опрема. Работиме во насока на подигнување на нивото на нормативите што ја уредуваат заштитата од бучава. Нашата мисија е да бидеме подобри во понатамошниот развој и целиме кон објективност и чесност со нашите клиенти. Секојдневно ги следиме најновите светски достигнувања во изработката на квалитетни изолациски материјали, ја следиме напредната технологија за намалување на бучавата и се трудиме да излеземе во пресрет на барањата на нашите клиенти, а се со цел да им овозможиме што поголема удобност, мир и спокој во нивниот дом, работно место и сл. За нашите клиенти се грижи тим од професионалци во својата област!
    • Име на контакт лице:Л-Децибел
    • Адреса:Мајски Манифест 10/1
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:070344836



    070344836

    корисничка поддршка