00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Градежни скелиња и елементи


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Градежното скеле и елементите на градежното скеле се произведуваат со постапка на метал штанцање, пробивање и втиснување и виткање.

    Составни елементи за градежно скеле:

    - челични шавни цевки Ф48,30 х 3,0-3,6 мм;

    - фиксна стега (жабица) - за поврзување на две цевки Ф48,30 мм под прав агол;

    - рото стега (жабица) - за поврзување на две цевки Ф48,30 под агол од 0 до 360°;

    - продолжеток (наставок) - за продолжување на две цевки Ф48,30 на местото на јазлите;

    - папуча - за спроведување на вертикалните товари од скелето на тлото.

    Примената на градежното скеле е широка. Монтажата и демонтажата на ова скеле е едноставна и брза, без употреба на дигалка, но со неопходна стручна оспособеност на градежниот работник. Се применува за изведување на ѕидарски и фасадерски работи во градежништвото, во останатите индустрии при изградба и одржување на висинска опрема, постројки и уреди, како и при изработка на потпорни конструкции.

    Складирањето и транспортот се едноставни и брзи бидејќи тоа завзема мал простор, а елементите се лесни.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Мзт Инженеринг

    • Опис на компанијата:МЗТ Инженеринг - Битола е основана во 1984 год во Битола, Република Македонија. Во 1998 год. започна со развој на сопствено производство, пред сé на метални отпресоци и метални елементи и склопови, по пат на длабоко извлекување и метал штанцање. За обавување на оваа дејност, МЗТ Инженеринг Битола располага со сопствен производен погон, лоциран во Струмица, каде што на простор од 2000м² функционира цела палета на ексцентар и хидраулични преси од 40 до 500 тони, со кои се обавуваат постапки од областа на длабоко извлекување и метал штанцање, пробивање и втиснување, како и со целокупна потребна опрема за монтажа на разни склопови, заварување и пунктирање, ЦНЦ сечење со плазма и линија за површинска заштита. Во склоп на фирмата функционира и проектантско биро во кое се конструираат алатите за длабоко извлекување и метал штанцање, врз база на што се пристапува кон изработка на конкретните алати. Сите постапки се изведуваат во согласност со стандардите ISO 9001:2000 за кои што МЗТ Инженеринг доо Битола е сертифицирана од 2001.МЗТ Инженеринг покрај сертификатиот за квалитет поседува сертификат за животна средина ISO 14001:2004. Овој произвотствен погон, како докажан добавувач на опрема во автомобилската индустрија, енергетиката, транспортна опрема и системи, градежна опрема итн. стручњаците го вбројуваат меѓу водечките капацитети од областа на длабоко извлекување и метал штанцање во Република Македонија и на Балканот.
    • Име на контакт лице:Иван
    • Адреса:Св.Климент Охридски б.б., лам.2/6
    • Поштенски број:7000
    • Град:Битола , Македонија
    • Телефон #:047239731; 047239732
    • Факс #:047203731
    • Локација на мапа:Прикажи



    047239731047239732

    корисничка поддршка