00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Габиони

Габиони

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Габионите се единици направени од хексагонална (шестоаголна) мрежа произведена од двојно навртена челична жица, достапни се во различна големина и димензии.Двојното навртување спречува ширење на оштетувањето предизвикано од несакано кинење на жицата, додека шестоаголната форма на мрежата овозможува подобра дистрибуција на оптоварувањето на мрежата. Габионите се полнат со камења на местото на поставување. Големината на каменот не смее да биде помала од отворот на мрежата ниту поголем повеќе од 2,5 пати.Ваквите единици наоѓаат примена во изработката на: потпорни ѕидови, насочување и заштита на брегови кај канали и реки, брани за заштита од ерозија, стабилизација на стрмнини, потпорни структури за задржување на тлото, звучна бариера, архитехтонски цели и слично. Во зависност од бараните механички перформанси ќе биде утврдена комбинацијата на типот и дијаметарот на жицата како и димензиите на единиците.Жицата која се користи за производство на габионите може да биде: челична жица, длабоко галванизирана со цинк (Zn) челична жица, длабоко галванизирана со Galmac легура (Zn, 5%Al) челична жица, длабоко галванизирана со Galmac легура (Zn, 5%Al) и обложена со слој на PVC Жицата од која се изработуваат габионите може да биде со различен дијаметар. Сите габиони се порабени со жица со поголем дијаметар од оној на мрежата. Ова овозможува дополнително зајакнување на структурата. При изборот на типот на жица треба да се водиме од проектираниот животен век на објектот како и од степенот на корозивните сили во атмосферата и средината. Комбинацијата од Цинк и Алуминиум резултира со подобрени механички својства и микроструктура на жицата. Ваквата жица е порезистентна на корозија и за два до три пати подолготрајна од жицата обложена само со Цинк. Жицата обложена со слој на ПВЦ, наоѓа примена во хемиски агресивни средини (2<Ph<13).Благодарение на нивната јакост, форма и содржина, габионите прават флексибилни, пропустливи, доготрајни, разноврсни и пријателски кон околината, естетски структури. Флексибилни Габионските структури се способни да прифатат големи налегнувања и неочекувани товари. Пропустливи Дренажната способност на габионите е креирана преку празнините помеѓу камењата со кој еден габион е наполнет. На овој начин водата се собира и одведува подалеку од структурата преку што се елиминира главната причина за нестабилност на земјата како и трошокот за друга дренажа.Долготрајни Долготрајноста на габионската единица се должи на високите технички карактеристики на челичната жица, шестоаголната форма на мрежата која оневозможува ширење на потенцијалното оштетување и доброто интегрирање со околината. Разноврсни структури Габионите можат да се инсталираат во секаква околина, без потреба од дополнителна опрема или персонал. Идната модификација (нови слоеви) е многу едноставна и сигурна и ваквите структури се лесно одржливи. Пријателски кон околината, естетски структури Можноста да се комбинираат растенија со способноста за арпсорпција на звукот прават баланс помеѓу потребата на човекот и околината. Габионите овозможуваат остварување на интересни архитектонски решенија во населени и комерцијални области.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Ерго Ком
  • Земја на потекло:Италија
  • профил на компанијата

    Ерго Ком

    • Опис на компанијата:ЕРГО КОМ ДООЕЛ Скопје е компанија која делува на пазарот за специјализирани градежни материјали. ЕРГО КОМ е ексклузивен застапник и дистрибутер за производите на познатиот светски производител на жичани производи и геосинтетици "Maccaferri", компанија основана во 1879г., светски призната како докажан партнер во сферата на проектирање и развој на напредни решенија во градежништвото и инженеринг на животната средина. ЕРГО КОМ може да стане Ваш доверлив партнер во испораката на високо квалитетни материјали првенствено наменети за употреба во нискоградбата, како и во развивање на решенија за стабилизација на земјиштето, контрола на ерозија, потпорни ѕидови, депонии, обложување на канали и реки, спречување на одрони на камења итн.
    • Име на контакт лице:Владимир Трајановски
    • Адреса:ул. Костурски херои бр. 4-8
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0)2 3232 351
    • Факс #:00 389 (0)2 3232 351
    • Година на регистрација:2011
    • Локација на мапа:Прикажи



    023232351

    корисничка поддршка