00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Станови во Карпош, Скопје


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Станбениот објект се наоѓа на грижливо избрана локација на улицата Орце Николов бб., во населбата Карпош - Скопје.
    Станбено-деловниот објект има катност од Приземје + 8 Катови + Поткровје во чии рамки се наоѓаат 124 станбени единици со површина од 38м2 до 109м2. Со понудата на различни типови на станови се постигнува максимална прилагодливост на објектот кон секоја желба и потреба на почитуваните клиенти. Два засебни објекти формираат една целина со подвоени влезови. Во објектот паркирањето е решено преку изведба на подземен паркинг на две нивоа со капацитет од 87 возила, проектиран по принципот на современите проектни решенија за подземни гаражи. Кон поздемниот паркинг се пристапува преку пристапна рампа со влез од улицата „Орце Николов“
    Објектот претставува армирано бетонска конструкција која ги задоволува најстрогите домашни и мешународни стандарди за асеизмичка стабилност. Особено внимание е посветено на постигнување врвна топлинска, звучна и хидроизолација во рамките на објектот. За изградбата на станбениот објект Карпош е предвидена употреба на градежни материјали од реномирани европски производители, со гаранција за квалитет од производителот.
    Секој заинтересиран клиент може да добие подетални информации во врска со вградените градежни материјали и продажбата на станови во градежната компанија “ГОЛДЕН АРТ”на веб страницата www.goldenart.mk и на телефонските броеви 071/225 888; 075/225 888 и 02/3213-611.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Голден Арт
  • профил на компанијата

    Голден Арт

    • Опис на компанијата:Следејќи ја долгогодишната фамилијарна традиција на успешно функционирање во градежниот сектор, компанијата „Голден Арт“ е основана во 2005 година, поставувајќи си ја пред себе целта за покривање на сите видови работа во градежништвото, од изработка на проектна документација до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба. Од почетокот на своето постоење до денес, искусниот градежен кадар на „Голден Арт“ изгради преку 55 референтни објекти во Македонија и во Црна Гора. Уште од првите денови на нашето функцирање се обидовме да создадеме политика на квалитет за секој клиент, потпирајќи се на правилото да бидеме најдобри во она што претставува наша дејност. Покрај стриктното почитување на домашните закони, прописи и стандарди наменети за градежниот сектор, си поставивме задача да ги спроведеме во целост и меѓународните стандарди за квалитет EN ISO 9001:2008 , EN ISO 14001:2004,OHSAS 18001:2007 и EN ISO 50001:2011. Цврсто сме убедени дека со ваквата поткрепа од строгите стандарди можеме да му гарантираме на секој клиент висок квалитет во работењето, а исто така и висок квалитет на живеење во нашите објекти. Работењето на нашата компанија е силно поврзано со разбирање и следење на потребите на нашите клиенти.
    • Име на контакт лице:Даниела
    • Адреса:Методија Шаторов Шарло 7
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:071 225 888
    • Телефон #:023213611
    • Факс #:023213611
    • Локација на мапа:Прикажи



    023213611

    корисничка поддршка