00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Ќерамида TONDACH (Тондах)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:TONDACH ® природно убави и издржливи кров

    Иновативни:
    Купувачите добиваат покрив, кој е сигурен, долготраен, индивидуален и естетски убав!
    Ние нудиме индивидуални покривни решенија без разлика дали преку различните форми или бои. Преку континуираниот развој на нов производ, за нас не постои граница за слободата на планирање и проектирање на покривни идеи. Го следиме секој свремен тренд во областа на покривањето и настојуваме да го задоволиме вкусот на секој купувач преку различните производи кои ги нудиме. Производите се до тој степен развиени, да на преден план ја истакнуваат користа која луѓето ја обезбедуваат преку нив, без разлика дали се работи за нов објект т.е. нова градба или се работи за санација т.е. санирање на покрив.
    Кои се вредностите на ТОНДАХ®?

    Во последно време интересот околу квалитетот на покривните материјали кај луѓето постојано се зголемува. Како причина за ова, се јавуваат не се само климатските услови кои во последно време се со екстремни температурни разлики, туку расте интересот и за нивниот животен век на градежните материјали, нивната еколошка вредност, нивната енергетска ефикасност и нивниот дизајн.
    Глинените ќерамиди како природни покривни производи, можат во градежништвото да се вбројат во покривните матријали кои имаат најдолг животен век, во споредба со останатите покривни материјали.
    Од еколошка гледна точка глинените ќерамиди, ТОНДАХ®ќерамидите се произведуваат од земја т.е. глина се мешаат со вода, се сушат на воздух и се печат на оган. Тие се дел од чистата природа, немаат хемиски додатоци.
    Ќерамидите на „ТОНДАХ®“ се дел од природата, бидејќи се печат на 1000°C во специјализирани печки нивниот животен век се продолжува и до повеќе од 100 години. Нивната функционалност е докажана со тоа што тие апсорбираат и испуштаат топлина, а со тоа обезбедуваат благопријатна клима за живеење. Затоа објектите кои се покиени со ќерамидите ТОНДАХ® имаат годишна заштеда на енергетските трошоци и до 20%. Затоа производите на ТОНДАХ® се вбројуваат во производи со енергетка ефикасност и се користат во изградбата на енегетско пасивни куќи кои како извор на енергија го користат сонцето.


    Колку долго трае покривот на ТОНДАХ®?
    Покривот на ТОНДАХ® има животен век подолг од сто години, доколку подкровната конструкција е направена според пропишаните стандарди. Ќерамидите на ТОНДАХ® не се само долготрајни, туку тие се и економични ако се земе во предвид вредноста на овој покривен материјал.
    Многу важно е дека ќерамидите на ТОНДАХ® се долготрајни и исплатливи, бидејќи ако се земе во предвид ако објектот е прописно покриен, истиот ќе се санира дури после 100 години. Затоа ТОНДАХ® дава гаранција на своите прозводи од 33 години. Повеќе околу ова 33 Години гаранција!
    33 години гаранција и цел живот задоволство!
    Ако објектот сте го покриле со TОНДАХ®, сте го направиле вистинскиот избор. Бидејќи глината е стара со векови и се одликува како многу цврста и издржлива. Ваквата глина во TОНДАХ® се пече на повеќе од 1.000°C и се облагородува со премаз кој на ќерамидата и дава дополнителна трајност и издржливост на различните временски непогоди. TОНДАХ® е оптимален производ за Вашиот дом и може да се користи при нагиб на покривот уште од 13°.

    За кратко време до нов покрив!
    Вашиот стар покрив можете многу лесно и брзо да го санирате т.е. замените. Зошто да трошите повеќе пари? TОНДАХ® има брза испорака и услуга, комплетно решение (нуди стручни совети за можни измени) и професионално ќе ги реализира Вашите идеи, а Вие ќе ги уживате предностите на TОНДАХ®:
    33 години гаранција
    одржлива сигурност
    трајна вредност за идните генерации
    еколошка свест

  • Продавач:Алфа импорт
  • профил на компанијата

    Алфа импорт

    • Опис на компанијата:Алфа Импорт е формирана 1990 година и континуирано брзо се развива како приватно поседувана фирма, од професионалци со истакнато искуство и знаење и јасна визија да воспостават нови стандарди во продажно-дистрибутивното деловно работење во областа на градежништвото.Нашата фирмаALFA IMPORT со седиште во Скопје успешно и квалитетно работи веќе 25 години на македонскиот пазар како независна фирма со приватен капитал во областа на градежништвотои градежните материјали.Полето на делување на Алфа Импорт опфаќа дистрибуција на сите стоваришта во Македонија.
    • Име на контакт лице:Katerina
    • Адреса:Источна Индустриска зона б.б., Маџари
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:+38975435075
    • Телефон #:023064404
    • Факс #:023064404
    • Локација на мапа:Прикажи



    023064404

    корисничка поддршка