00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Електричен котел моноблок Ваилант - Vaillant


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Модели 6kw/9kw/12kw/18kw/21kw/24kw/28kw

    Електричен ѕиден уред за централно греење од новата генерација. Електричните уреди за централно греење на Vaillant пружаат греење на станови и куќи на современ начин. Работата на овие уреди е целосно автоматизиран и безмалку нечуен. Уредите се исто така потполно опремени со сите работни и сигурносни елементи. Секвенцијалното палење на грејните спирали спречува несакани импулси во електричната мрежа при вклучување/ исклучување на уредот. Со оглед на фактот дека работат на електрична енергија, работата на овие уреди е целосно еколошки и не им е потребен оџак што овозможува да бидат вградени во најмали простории бидејќи не користат воздух за согорување. За уште поголема удобност уредот може да се комбинира со собен термостат или со индиректно греен резервоар.

    КАРАКТЕРИСТИКИ НА eloBLOCK/2:

    Работата на уредот е целосно автоматизирана и безмалку нечуен
    Секвенцијално палење на грејните спирали пропратено со модулирана работа
    Уредот е опремен со сите работни и сигурносни елементи
    Еколошки
    Нема потреба од оџак
    Можност за сериско поврзување(кај моделите на 24 и 28 kW)
    Можност за работа во зависност од надворешната температура со употреба на оригиналниот прибор
    Можност за работа при осцилација на напонот до 175 V
    Едноставно одржување
    Модерен дизајн
    Комбинација со собен термостат calorMATIC 240
    Можност за монофазен приклучок кај моделите од 6 и 9 kW, кај сите други модели е неопходен трофазен приклучок
    Можност за поврзување на eloBLOCK-от со индиректно греен резервоар користејќи го оригиналниот прибор.
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Феротерм
  • Земја на потекло:Германија
  • Гаранција:2 години
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    Феротерм

    • Опис на компанијата:Феротерм e компанија која нуди опрема за греење и соларни системи и колектори. Феротерм располага со сопствен деловен простор и продавница, како и лесен товарен транспорт за доставување роба до добавувачите. За сите наши производи имаме обезбедено сервис и резервни делови, а нудиме и помош при проектирање и инженеринг на секакви видови инсталации од областа на греење и климатизација. Наша мисија е постојано задоволување на инвеститорите и клиентите/купувачите нудејќи им производи и услуги согласно прифатените стандарди и бараниот квалитет, преку соработка со партнерите од својата дејност која придонесува за корист на сите страни, со овозможување на мотивирачка работа и соодветни услови за работа на своите вработени. Партнерите со кои заеднички работиме се: CENTROMETAL, WAILLANT, HERTZ, GLOBAL, CALEFFI, GRUNDFOS, FERRO, ELBI, THERMOFLUX, ECOFLAM и други. Целта на нашата компанија е со горенаведените брендови да носиме топлина во вашиот дом.
    • Име на контакт лице:Vedat
    • Адреса:с.Боговиње
    • Поштенски број:1220
    • Град:Тетово , Македонија
    • Година на регистрација:1999
    • Број на вработени:5
    • Локација на мапа:Прикажи
    • Повеќе детали



    044522988

    корисничка поддршка
    Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата кои ги користи MarketKonekt не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.


    Ги прифаќам ситеГи прифаќам неопходнитеПовеќе