Врска-У
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Додаток за подобрување на лепливоста, еластичноста и водоотпорноста на малтерските и бетонските смеси. Најчесто се применува при репарација на бетонски конструкции.
Достапност:Контакт
Продавач:Адинг
профил на компанијата
Адинг
- Опис на компанијата:• АДИНГ е компанија со акционерски капитал специјализирана за производство и пласман на адитиви и други хемиски материјали за градежништво. • Компанијата е основана на 30.5.1969 година. • Со донесувањето на Законот за општествен капитал и Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, започната е приватизацијата на компанијата и таа е целосно завршена и регистрирана во судскиот регистар во текот на 1996. • Компанијата е организирана како акционерско друштво со основна главнина од 3.857.636 € . Основната главнина ја сочинуваат вкупно 386.400 обични акции со номинална вредност на една акција од 9,983 € . • Акциите на „Адинг“ се тргуваат на неофицијалниот пазар на јавно поседувани друштва на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност. Првото тргување со акциите на „Адинг“АД Скопје е регистрирано на 27.12.1997 година. • Производството се врши во капацитетите во седиштето на компанијата во Скопје, а дел е организирано и во Р.Бугарија и Казахстан. Производството на АДИНГ го следат и стручни служби: примена, пласман и инженеринг, детална контрола на квалитетот на производите и развој на нови производи. Техничката и професионалната помош се извршуваат не само во просториите на компанијата, туку и на терен по барање на деловните партнери.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:ул.1409 бр.11, Новоселски пат
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:(02)2034840
- Година на регистрација:1969
- Локација на мапа:Прикажи