00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Заштитна Полутка за Цевки


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Заштитните полутки се изработуваат од не кородивен (не ргуосувачки) матерјал ИНОХ (прохром) отпорен на висока температура со дебелина d=2mm. Заштитните полутки се изработуваат по пат на виткање и штанцање во толеранција од +/- 0,02mm. Заштитните полутки се применуваат во термо електраните како заштита на пароводните цевки на котелот од абразија.

    МЗТ Инженеринг ДОО Битола е производител на повеке од 20 различни типови на заштитни полутки со различни димензии и форми. Заштитните полутки се делат пред се на :

    -Прави заштитни полутки, служат за заштита на цевките од топловодниот тракт на котелот кои немаат кривини

    -Коленасти заштитни полутки, служат за заштита на цевките од топловодниот тракт на котелот каде имаме закривување од 90°

    -Држачи (шелни), слушат за прицврстување на полутките, со што се добива заштита на површината на цевката од 90%

    Треба да се напомене дека МЗТ Инженеринг ДОО Битола е во можност да изработува и други профили и димензии кои можат да се усвојат по желба на потенцијален инвеститор.
  • Категорија:Цевки - додатоци
  • Достапност:По нарачка
  • профил на компанијата

    Мзт Инженеринг

    • Опис на компанијата:МЗТ Инженеринг - Битола е основана во 1984 год во Битола, Република Македонија. Во 1998 год. започна со развој на сопствено производство, пред сé на метални отпресоци и метални елементи и склопови, по пат на длабоко извлекување и метал штанцање. За обавување на оваа дејност, МЗТ Инженеринг Битола располага со сопствен производен погон, лоциран во Струмица, каде што на простор од 2000м² функционира цела палета на ексцентар и хидраулични преси од 40 до 500 тони, со кои се обавуваат постапки од областа на длабоко извлекување и метал штанцање, пробивање и втиснување, како и со целокупна потребна опрема за монтажа на разни склопови, заварување и пунктирање, ЦНЦ сечење со плазма и линија за површинска заштита. Во склоп на фирмата функционира и проектантско биро во кое се конструираат алатите за длабоко извлекување и метал штанцање, врз база на што се пристапува кон изработка на конкретните алати. Сите постапки се изведуваат во согласност со стандардите ISO 9001:2000 за кои што МЗТ Инженеринг доо Битола е сертифицирана од 2001.МЗТ Инженеринг покрај сертификатиот за квалитет поседува сертификат за животна средина ISO 14001:2004. Овој произвотствен погон, како докажан добавувач на опрема во автомобилската индустрија, енергетиката, транспортна опрема и системи, градежна опрема итн. стручњаците го вбројуваат меѓу водечките капацитети од областа на длабоко извлекување и метал штанцање во Република Македонија и на Балканот.
    • Име на контакт лице:Иван
    • Адреса:Св.Климент Охридски б.б., лам.2/6
    • Поштенски број:7000
    • Град:Битола , Македонија
    • Телефон #:047239731; 047239732
    • Факс #:047203731
    • Локација на мапа:Прикажи



    047239731047239732

    корисничка поддршка