00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

ЦЕВКИ ЗА ХИГИЕНСКИ ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ РАУТИТАН


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Благодарение на своето Know-how, докажано со децении, фирмата РЕХАУ во својата лабораторија го разви висококвалитетен систем за водоводни инсталации РАУТИТАН, кој нуди хигиена, безбедност и сигурност. Систем кој веќе денес ги исполнува нормите за хигиена и сигурност, кои ќе дојдат во иднина.

    Хигиената на водата за пиење, а поради тоа и изборот на материјали низ кои таа ќе тече од секогаш се една од главните теми во РЕХАУ. Водата за пиење за нас има бесценета вредност. Водата е чиста и погодна за конзумирање, само ако не содржи микроорганизми, материи од било кој вид, и мирис попримен од материјалот на цевката низ кој минува водата во број и концентрација кои претставувааат потенцијална опасност по здравјето на луѓето. Цевките и системот РАУТИТАН цеолсно се изработени од материјал со висок капацитет, PE-Xa. Притоа станува збор за подобрена форма на полиетиленот, која веќе долго време се грижи на пример млекото во тетратпак да остане свежо, неутрално по вкус и да може хигиенски чисто да се транспортира и пакува. За разлика од на пр. металните цевки, водоводнита цевка произведена од PE-Xa не е подложна на создавање на бигор и корозија и ја задржува чистотата на водата. Таа отпорна на најагресивните видови на вода и со тоа обезбедува трајна водоводна инсталација во домот, без ризик за нагризување на цевките.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Рехау
  • профил на компанијата

    Рехау

    • Опис на компанијата:Бизнис-полето ГРАДБА во РЕХАУ е носечки столб на глобалниот преработувач на полимери РЕХАУ. Стручното знаење од трите бизнис-полиња градежништво, автомобилска индустрија и индустрија РЕХАУ го интегрира доследно, со цел на ниво на производи, консалтинг и услуги со помош на иновации и целосно развиени системи да ја зајакне лидерската позиција во светот. РЕХАУ ГРАДБА нуди современи и уникатни решенија за енергетски-ефикасна градба - од приватни куќи, преку згради, па се до индустриски, трговски и административни згради. Притоа, во фокусот се иновативни и напредни решенија за енергетски-ефикасна градба и санација како и управување со води. Околу 15000 вработени од целиот свет се стремат за развој и успех на РЕХАУ. На 170 локации во светот, фамилијарната фирма се обидува да им се приближи на муштериите и на пазорот.
    • Име на контакт лице:Рехау
    • Адреса:Борис Трајковски 7 б.б. (Првомајска)
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:022402670
    • Локација на мапа:Прикажи



    022402670

    корисничка поддршка