00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Производство на бетон


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Компанијата НУР-ТРАНС од тетовското село Стримница, во близина на Желино претставува познато име во градежната индустрија во полошкиот и скопскиот регион. НУР-ТРAНС произведува секаков вид готов бетон, со врвен квалитет и по најсовремена технологија. Фирмата располага со модерни италијански машини за производство на бетон кои ги имаат сите сертификати и атести за квалитет, неопходни при производството на бетон во Европската Унија. НУР-ТРАНС го има заокружено целиот производен процес, потоа транспортот на бетонот до градежните објекти, како и неговото транспортирање со специјални пумпи во самите градежни инсталации. На овој начин компанијата може да одговори и на најкомплицираните барања на клиентите, со врвен квалитет и во најкратки рокови. Воедно, фирмата располага и со значаен капацитет, како во производството, така и во транспортот и во трансмисијата на бетонот, што и дава можност да одговори на барањата на клиентите и при изградба на градежни објекти со поголем обем. За да може непречено да им излезе во пресрет на инвеститорите НУР-ТРАНС, покрај тоа што располата со сопствена линија за производство на бетон со врвен квалитет и значаен капаците, располага и со три багери, пет миксер камиони MAN со капацитет од 6 до 10 метри кубни, потоа со две пумпи за бетон, со кои целосно се заокружува услугата што му се дава на клиентот при бетонирањето. За непречено производство НУР-ТРАНС има и сопствен шлепер и цистерна за цемент.
  • Категорија:Бетон и додатоци
  • Достапност:Има залиха
  • профил на компанијата

    Нур Транс Бетон

    • Опис на компанијата:Производство на готов бетон и елементи од бетон
    • Име на контакт лице:Газменд
    • Адреса:s strimnica 101 bb
    • Поштенски број:1226
    • Град:Тетово , Македонија
    • Мобилен #:070209149
    • Телефон #:044379780
    • Факс #:044379780
    • Година на регистрација:1999
    • Број на вработени:15



    044379780

    корисничка поддршка