00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Алуминиумска столарија


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Алуминиумската столарија со своите особини ги задоволува високите стандарди на денешниот пазар за квалитетна столарија која бара минимално одржување. Алуминиумскиот профил со својата цврстина осигурува статичка стабилност на вградените елементи, доста се лесни, со самото тоа тој е сигурен и има долг век на траење на вградените елементи. Многу е важно што со овие профили исто така се постигнува и заштеда на топлотна енергија, а нивната мазна површина значително го олеснува одржувањето. Големиот избор на бои овозможува естетска разноликост и различни архитектонски решенија.

    *Предности:

    - Една од главните предности на алуминиумската столарија во однос на дрвото и ПВЦ е тоа што покажува голема отпорност на атмосферските влијанија и генерално голема издржливост, односно голем век на траење
    - Полесен е од ПВЦ- то со што може да се користи за изработка на поголеми профили за деловни простори
    - Овозможува добра термичка и звучна изолација – посебно кога се користи Алуминиум термо со правилна комбинација на стакло, покрај долготрајноста и сигурноста алуминиумската столарија има голема предност со естетскиот изглед на своите профили, поголем избор на бои кој овозможува исполнување на различни желби.
    - Добра е за користење во области со високи температури и интезивна сончева светлина
    - Едноставна е за одржување, доволно е повремено да се пребрише со мокра крпа
    - Еколошки е оправдана бидејќи се работи за материјал од природно потекло, кој може да се рециклира во целост, и не влијае негативно на околината и здравјето на луѓето.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Роломатик
  • профил на компанијата

    Роломатик

    • Опис на компанијата:РОЛОМАТИК ДООЕЛ е основана во 1994 година. РОЛОМАТИК отпочна како мала компанија со само 5 вработени лица кои изработуваа ролетни од секаков вид. Денеска имаме повеќе од 30 вработени, соработуваме со водечките светски компании и нудиме широка палета на производи и услуги. Низ годините РОЛОМАТИК се докажа како силна и доверлива компанија во Република Македонија особено во полето на производство и инсталирање на ролетни, врати и прозорци, гаражни врати и друго.
    • Име на контакт лице:Мирослав
    • Адреса:Јадранска Магистрала б.б.(Качанички пат)
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070217011
    • Телефон #:+389 (0)2 3223 280
    • Локација на мапа:Прикажи



    023223280

    корисничка поддршка