00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Сув Мраз

Сув Мраз

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:
    Сув мраз или поточно CO2 во цврста агрегатна состојба, се добива при експанзија на течниот јаглерод диоксид во околина, на атмосверски притисок. За времетраењето на тој процес половина од течниот CO2 се претвора во гас, додека другата половина се претвора во таканаречен снег. Овој снег се компримира од страна на високопритисна хидраулична преса создавајки мраз.
    Сувиот мраз е производ со голема примена кај пошироката индустрија. Нашата компанија Гео Гас произведува сув мраз во пелети со димензија од: 3, 6 и 9 милиметри, кој што е наменет за мали и локални клиенти, како и за големи компании.

    Индустриско чистење
    Дополнителна предност е и индустриското чистење на површини со пескарење со Сув мраз. При кое се овозможува чистење на повеќе предмети без потреба на одвојување и демонтажа. Може да се користи за чистење на механички и електрични делови без опасности од оштетување на површината или опасност од предизвикување на пожар. Се користи исто и за отстранување на најразлични загадувачи како: масла, биофилмови, бои и други средства.

    Производство на храна
    Сувиот мраз представува минерален природен продукт, кој што е бес мирис, и бес вкус, не е запалив, и е идеален за употреба во индустријата за производство на храна.

    Медицина
    Сувиот мраз има многу ниска температура: од – 78.5 °С и со самото тоа има до три пати поголема ладилна моќ од обичниот воден мраз. Исто така Сувиот мраз создава бактериостатска околина, со што обезбедува поголем квалитет на оладените производи, и ги заштитува од оксидација. Оваа карактеристика на сувиот мраз му овозможува да најде широка примена во транспортот на храна и разни други лабараториски и медицински елементи.

    Транспорт и складирање
    Сувиот мраз се транспортира и чува во специјални термоизолациони контејнери, во кои што дневната загуба од чувањето во истите е 5 – 8% од количината на Сувиот мраз. Гео Гас ги има во расположливи големини со капацитет од 35, 40 и 100 килограми.
  • Продавач:Гео Гас
  • профил на компанијата

    Гео Гас

    • Опис на компанијата:Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас СО2 и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат во подножјето на планината Пелистер во округот на пелагонската котлина кај местото наречено ,,Брборник ”. Името ,,Брборник” местото го има добиено од дамнешни времиња како резултат на збогатеното присуство на минералниот гас во земјата. При влажни периоди може да се забележи, како гасот од самата почва излегува и брбори на површината. Пелагонската котлина е позната по високо квалитетните извори на минерална вода и гас, а еден од нив е и изворот на Гео Гас, кој го сочинува бушотина направена по највисоки стандарди, кое што овозможува безбедна и квалитетна експлоатација на високо квалитетен минерален гас СО2. Производниот погон го сочинува најсовремена Германска опрема, која што природниот СО2, на природен начин го преработува и филтрира до степен од 99,98% чистота, кој потоа е спремен за понатамошна употреба. Минералниот гас произведен од Гео Гас е оценет според највисоките европски и светски критериуми: Coca-Cola Specification – BP- SP-110 и е идеален за производство на храна, пијалоци, како и за потребите на пошироката индустрија и медицина. Гео Гас е фирма која што нуди верна и континуирана соработка со нашите клиенти. Тука секогаш за вас ќе биде нашиот стручен персонал, кој што ќе ви обезбеди постојана техничка поддршка, и информации околу користење на продуктите што ги нудиме, како и апликациите од јаглеродниот диоксид.
    • Име на контакт лице:Гео Гас
    • Адреса:бул.Партизански Одреди, ТЦ Буњаковец кат 1 лок.32
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:071 239512
    • Телефон #:02 3223202



    023223202

    корисничка поддршка